Меленото месо е застапено во речиси секоја кујна и се користи за приготвување на огромен број видови јадења. Искористете го неговиот максимум, но одбегнете неколку грешки. Дали ви се случило да подготвите мелено месо, а тоа да добие непривлечна сива боја, да биде тегаво или да нема убав вкус?




Иако многу често го користиме за подготовка на мусака, ќофтиња или полнети пиперки, сепак може да се каже, дека малку знаеме како правилно треба да се приготвува за да добиеме најдобар резултат и вкусно јадење кое ќе ги воодушеви сите.




Прочитајте кои се најчестите грешки кои треба да ги избегнувате при подготовка на мелено месо и подобрете ги своите кулинарски вештини. Домашни сендвичи, вкусна скара, мусака, ќофтиња, полнети пиперки… Кој е вашиот омилен рецепт со мелено месо?




Никогаш не замрзнувајте го меленото месо во оригиналната амбалажа. Најчесто оригиналната амбалажа на месото е премногу тенка за да го заштити од екстремно ниските температури во замрзнувачот. Наместо тоа, месото претходно завиткајте го во алуминиумска фолија. Потоа ставете го во подебела пластична кеса или кутија, па дури потоа во замрзнувач.




Не користете микробранова печка за одмрзнување на месото. Во микробранова печка површинските слоеви на меленото месо ќе почнат да се готват уште пред тоа целосно да се одмрзни. Како резултат ќе добиете цврсто и тегаво месо.




Затоа, секогаш одмрзнувајте го на природен начин. Најдобро е да го извадите неколку часа порано, пред да започнете со подготовката на јадењето или најлонската ќеса да ја потопите во ладна вода. На тој начин месото ќе ги зачува својот оригинален вкус и текстура.




Секогаш гответе го во добро загреана тава. За да добиете максимален вкус и карамелизација, одмрзнатото месо ставете го во добро загреана тава во која сте додале лажица масло или путер. Никогаш не го ставајте месото во незагреана/ладна тава, бидејќи ќе се залепи на дното и ќе добие непривлечна сива боја.




При подготовка на мелено месо слободно исцедете го вишокот на течности. Меленото месо кога се динстува испушта вишок вода, која испарува за време на долготрајната термичка обработка. Слободно исцедете ја водата за време на готвењето, особено доколку се водите според некој рецепт во кој е важна количината на течности за подготовка на одредено јадење.




Дали го миете месото пред или по подготовката? Некои ни имаат обичај дека го мијат секое месо, па дури и меленото меленото, пред или по подготовката. Миењето на месото пред неговото готвење нема да ги отстрани бактериите од неговата површина.




Затоа важно е истото добро термички да се обработи, односно убаво да се испече или испржи. А додека пак плакнењето после неговата термичка обработка во целост го отстранува неговиот вкус.