Еве еден посен колач кој можете да го правите преку целата година. Излегува многу мек како сунѓер, мириса неодоливо и многу е вкусен. Се приготвува едноставно од евтини состојки кои секогаш ги имате во кујна, а не ви е потребен ниту миксер. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл газирана вода, 80 мл масло за готвење, 150 г кристал шеќер, 300 г меко брашно тип 400, 1 кесичка прашок за печиво (12 г), рендана кора од портокал, 1 лажица екстракт од ванила, 1.5 лажица какао во прав, 3 лажици џем




ПОСТАПКА (за калап со димензија 25х10 см или приближно, за ролат или леб): Во еден подлабок сад ставете 150 мл газирана вода, па додајте 80 мл масло за готвење и 150 г кристал шеќер. Со кујнска жица-маталка промешајте за да се соединат состојките и шеќерот да се растопи.




Во посебен сад просејте 300 г меко брашно и помешајте го со една кесичка прашок за печиво од 12 грама, па додајте го во влажните состојки одеднаш или на неколку наврати (како ви е полесно за мешање).




Мешајте неколку минути со лажица или кујнска шпатула додека сите состојки да се изедначат и соединат. Треба да добиете густо и влажно, полутечно тесто со аморфна конзистенција. Ситно изрендајте кора од еден портокал и додајте ја во тестото.




Портокалот претходно треба добро да го исперете со ладна вода и да го оставите малку да отстои во раствор со сода бикарбона за да се исчисти од евентулана нечистотија. Кората од портокал освен убава цитрусна нота и прекрасен мирис, на колачот му дава и жолта боја.




Додајте и една супена лажица екстракт од ванила, па повторно промешајте за да се распоредат состојките. Калапот обложете го со хартија за печење, претходно натопена со ладна вода и изгужвана низ прсти за да може поубаво да се обложи.




Половина од тестото распоредете го во вака подготвениот калап, а во другата половина од тестото додајте една ипол лажица какао во прав. Измешајте го за да стане сето кафеаво, а потоа додајте три супени лажици џем (по ваш избор).




Дополнително промешајте, па оваа смеса излејте ја врз белата. Со лажицата поминете брановидно низ двете смеси за да се добие „мраморен“ ефект, а доколку сакате можете да го оставите и како „црно-бел“ колач. Ставете да се пече 40-50 минути во претходно загреана рерна на 200 степени, а кога ќе се олади наросете го со шеќер во прав. Деталите погледнете ги ОВДЕ.