Белите, тенки, суви и крцкави корички од изматени белки и чоколадниот вкусн крем од жолчки млеко и чоколадо, прават совршенство од оваа торта. Во продолжение прочитајте што ви е потребно за една кора, се сушат две, или пак во големиот плех од рерна се пече/суши една, а потоа се сече на половина.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за една помала кора за калап со средна величина (ако правите голема кора, тогаш удвојте ги количините): 5 белки од јајца, 6 супени лажици шеќер, 1 супена лажица јаболкова киселина или вински оцет




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 10 жолчки, 800 мл млеко, 5 супени лажици кристал шеќер, 6 супени лажици густин, 250 г маргарин или путер, 200 г квалитетно чоколадо, 100 г шеќер во прав (или по вкус), 250 мл слатка павлака, 2 кесички шлаг




ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките копи претходно отстојале малку на собна температура, па пенасто изматете ги со миксер. Започнете постепено да го додавате шеќерот и матете сè додека тој се растопи.




Треба да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите. Пред крајот додајте една супена лажица оцет и матете уште малку. Добиениот снег распоредете го рамномерно во плех со димензии 30х20 см.




Оваа количина и димензии на плех е доколку правите една кора, а потоа уште една, а доколку одеднаш ги матите 10-те белки, тогаш користете го големиот плех од рерна обложен со хартија за печење.




Рерната загрејте ја на 120 степени па ставете ја кората од белки да се пече (односно да се суши) еден час, па потоа намалете на 100 степени и продолжете го печењето (сушењето) уште половина час. Оставете да се олади во рерната со подотворена вратничка.




За фил: пенасто изматете ги жолчките со кристал шеќерот и густинот во малку ладно млеко, а остатокот ставете го на оган да зоврие. Штом проврие, во млекото додајте ги жолчките и мешајте непрекинато додека смесата да згусне.




Додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се изедначи. Кремот покријте го со проѕирна-стреч фолија и оставете да се олади до собна температура. Потоа путерот/маргаринот пенасто изматете го (исто така омекнат на собна температура) заедно со шеќерот во прав.




Во изматениот путер додајте половина од изматениот крем, изматете да се соедини, па додајте го остатокот од кремот и повторно изматете. Изматете ја слатката павлака или шлагот, па додајте 2-3 супени лажици во кремот и промешајте. Треба да добиете нежен крем.




РЕДЕЊЕ: прва кора, нанесете и распоредете половина од филот, па поголемиот дел од шлагот, па втората кора, а врз неа втората половина од филот и на крај ако ви останало доволно од шлагот декорирајте одозгора по желба. Изладете пред послужување. /Domaсireceрti.сom