Овој колач се мери со чаши и не може да погрешите во неговата припрема. Не треба да чекате колачот долго да се лади во фрижидер, може да го послужите и само после еден час ладење. Не е премногу благ и одличен е за сите љубители на плазма вкусот. Ова е еден од наједноставните колачи кои може да ги спремите за неколку минути.




Рецептот го имам одамна и често го правам. Кога го направив за велигденските празници, не поминаа десет минути, а децата ме повикаа од кујна и ми рекоа: „Мамо, дај уште од колачот“, па јас им ставив уште по две парчиња. На сите многу им се допадна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 2,5 чаши мелени плазма бисквити, ½ кесичка прашок за печиво, 2 чаши млеко, 1 чаша масло, 1 супена лажица какао, плех 20х30 см. Како мерка се користи стандардна чаша од 180-200 мл.




За глазура: 150 мл слатка павлака, 100 г чоколадо или премачкајте само со нутела или некој друг крем и наросете обилно со мелена плазма. Колачот се пече 40 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.




ПОСТАПКА: Јајцата и млекото се оставаат на собна температура, минимум 1 час пред подготовка на колачот. Издвојте ги белките од жолчките во посебни садови, а потоа цврсто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст и сјаен снег.




Кога шеќерот ќе се растопи, постепено започнете да ги додавање жолчките, па уште малку изматете со миксерот. Додавајте една по една жолчка и матете ја околу 30-40 секунди, пред додавање на следната. Потоа, додајте го маслото и млекото и изедначете.




Настрана промешајте ги сувите состојки: во брашното додајте го прашокот за печиво, а потоа просејте го. Додајте и какао, па уште малку изматете, а на крај додајте ја мелената плазма. Изедначете ги состојките во фина и еднолична смеса, без поголеми грутчиња.




Смесата треба да биде малку поретка од вообичаено, но таква треба да биде, а после печењето се добива многу сочен колач. Обложете го плехот со хартија за печење, па во него излејте ја смесата, протресете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, приближно 40-тина минути.




Додека се пече бисквитот, направете ја глазурата: во помал сад искршете го чоколадото и додајте слатка павлака, па на многу тивок оган растопете додека да се соединат (внимавајте да не ви проврие).




Печениот биксвит извлечете го од хартијата, а потоа вратете го во плехот каде се печеше и прелијте го со глазурата. Одозгора наросете го обилно со мелена плазма. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.