Многу лесна и брза подготовка!

Царска пита

Потребни состојки: 4 белки, 4 жолчки, 350 мл јогурт, 100 мл масло, 1,5 лажичка сол, 150 г брашно, 1/2 прашок за печиво, 150 г палента, 150 г сирење, 3 лажица кисела павлака, 100 г морков, 100 г кисели краставички, 150 г кашкавал, 200 г шунка. За наросување: сусам

Постапка: морковите сварете ги и исечкајте ги на коцки. Исто така исечкајте ги киселите краставички, шунката и кашкавалот, а сирењето издробете го.

Царска пита

Се матат белките во цврст снег па се додаваат жолчките и заедно се матат со миксер.

Потоа се додава јогуртот, маслото и сол. На крај се додава брашното измешано со прашок за печиво и палента, па се меша со лажица или силиконска шпатула.

Постепено се додаваат останататите состојки: дробено сирење, кисела павлака, моркови, краставички, кашкавал и шунка.

Царска пита

Смесата истурете ја во плех или тепсија со средна величина, обложен со хартија и ставете на печење во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Царска пита

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: