НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ВО СВЕТОТ…Брзи крофни, повкусни од сите десерти…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За тесто:
2 јајца
50 г шеќер
125 г цврст јогурт или кисела павлака
8 г ванилин шеќер
1/2 лажичка сол
50 мл масло
рендана кора од лимон
420 г брашно
10 г прашок за печиво
За фил:
2 јаболка
2 лажици шеќер
1 лажица путер или маргарин
1 лажица џем
шеќер за валање на крофните
ПОСТАПКА:
1.Со жица маталка соединете ги јајцата со шеќер, ванила, сол и јогурт, па додајте масло и соединете. Додајте го брашното помешано со прашок за печиво и замесете меко и еластично тесто.
2.Во тава испржете ги ситно исечканите јаболка помешани со шеќер, путер и џем. Кога ќе испари вишокот течност тргнете ги настрана.
3.На набрашрнета површина поделете го тестото на 8 дела и од секој дел обликувајте топче. Со оклагија развлечете кора со големина на голема чинија, во средината страбете фил, краевите премачкјате ги со вода и преклопете.
4.Вишокот тесто исечете го и со виљушка залепете ги краевите за да не истекува филот при пржењето.
5.Загрејте масло на умерена температура и пржеете ги крофните по неколку минути додека да заруменат двете страни. Потоа валајте ги во кристал шеќер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.