Научниците секојдневно откриваат нови работи за коронавирусот, а неодамна открија дека некои луѓе имаат таканаречен “скриен имунитет”, односно во себе имаат посебни клетки кои ги штитат од ковид 19.

Како што напоменуваат експертите, корона вирусот е голема непознатица за светот, па секојдневно се дознаваат нови работи, а некои од теориите подоцна се оспоруваат.

Она што го збунува научниот свет се антителата и имунитетот на ковид 19. Не така одамна, тие открија дека постојат пациенти кои се опоравија од инфекцијата, но по некое чудо немаа антитела на ковид, иако на почетокот се веруваше дека тоа е “по правило”. Овие луѓе можеа повторно да се разболат, бидејќи немаа стекнат имунитет. Се испостави дека овој број на луѓе воопшто не е мал.

Потоа беше откриено дека и многумина од оние кои сепак развија антитела, истите со текот на времето, за само неколку месеци ги губеа… Па така, на научниците им стана јасно дека антителата нема да бидат клучното решение за создавање на имунитет и стопирање на епидемијата…

Но, додека светот беше преокупиран со антителата, истражувачите сфатија дека може да постои уште еден облик на имунитет – оној кој, во некои случаи, со години останува прикриен во организмот. Станува збор за еден “загадочен” вид на бели крвни зрнца, наречени Т-клетки. Овие клетки се еден вид имунилошки клетки, чија цел е да ги идентификуваат и елиминираат патогените клетки во организмот.

Секоја Т-клетка е многу специфична, бидејќи постојат трилион нејзини верзии на површината од протеинот, што овозможува детекција на целната мета. Бидејќи Т-клетките можат да останат во крвта со години после инфекцијата, придонесуваат на имунолошкиот систем кој има долгорочно памтење. Ова помага во ефикасниот одговор на непријателите кои го напаѓаат организмот.

Неколку студии покажале дека луѓето кои се заразени со ковид 19 имаат Т клетки кои го таргетираат вирусот, без разлика дали заразените имаат симптоми или не. Исто така, експертите утврдиле дека некои можат да бидат негативни на антителата против ковид 19 и позитивни на Т-клетките кои го идентификуваат вирусот. Ова доведува до сомнеж дека нивото на имунитетот против вирусот може да биде двоен.

Истражувачите кои ја анализирале крвта со години пред пандемијата, пронашле дека Т-клетките се специјално создадени за да го детектираат протеинот на површината од ковид-19. Ова сугерира дека некои луѓе го имаат подготвено организмот многу порано за борба против вирусот, пред тој вистинки да започне да се шири меѓу луѓето. Како што излегува, Т-клетките се главниот извор на имунитет на ковид 19.

Како што објаснува имунологот Адријан Хејдел, ХИВ е геноцид на Т-клетките бидејќи вирусот систематски ги лови и ги тера да извршат самоуби ство и на тој начин организмот да стане беспомошен.

“Анализирајќи ги ковид пациентите, можам да кажам дека поединци кои се заразени, а не се хоспитализирани имаат 100% реакција на Т-клетките.

Моментно постои голем спектар на дизајнирани вакцини. Ако успееме да го спречиме вирусот како што тоа го прават овие Т-клетки, ќе ја имаме привилегијата да ја контролираме болеста” – изјавил овој имунолог.