Новиот вирус кој ја тресе целата планета се јавува во шест облици. Индентификувани се шест различни облици на болеста ковид 19, врз чија основа лекарите ќе можат да ја проценат состојбата на заболените.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека новите информации ќе им помогнат на лекарите, бидејќи различните облици на болеста ја одредуваат нејзината тежина, па така може да се “претпостави” на кого ќе му биде потребен респиратор.

Научниците идентификуваа шест различни видови на ковид-19, а до заклучокот дојдоа анализирајќи ги големиот број на заболени лица.

Облици на ковид 19: Како се “групираат” симптомите на болеста:

1.Налик на грипот без температура – главоболка, губиток на мирис, болка во мускулите, кашлица, грлоболка, болка во градите, без температура.

2.Налик на грипот со температура – главоболка, губиток на мирис, кашлица, болка во грлото, зарипнатост, грозница, губиток на апетит.

3.Гастроинтестинални – главоболка, губиток на мирис, губиток на апетит, дијареа, болка во градите, без кашлица.

4.Потешка слика со умор – главоболка, губиток на мирис, кашлица, грозница, зарипнатост, болка во грло, болка во гради, умор.

5.Потешка слика со конфузија – главоболка, губиток на мирис, губиток на апетит, кашлица, грозница, зарипнатост, болки во грло, болки во гради, умор, конфузија, болки во мускули.

6.Потешка слика со стомачни и респираторни потешкотии – главоболка, губиток на мирис, губиток на апетит, кашлица, грозница, зарипнатост, болка во грло, болка во гради, умор, збунетост, болки во мускули, недостиг на здив (потешкотии со дишењето), дијареа, болки во стомак.