Научниците потврдија дека со помош на сирење е можно да се слабее додека се спие. Но, не со било какво сирење.

Слабеењето не е никогаш едноставен процес и врз истиот влијаат голем број лоши навики, па дури и најситната промена може да ни помогне во побрзо топење на масните наслаги.

Британските истражувачи докажаа дека консумирањето на една намирница пред спиење може да поттикне побрза работа на метаболизмот.

Имено, во неодамна спроведеното истражување кое беше објавено во списанието “British Journal of Nutrition”, научниците потврдија дека е можно да се слабее и да се намалуваат вишокот килограми во спиење, секако со коригирана исхрана.

Тие открија и која е таа намирница која треба да ја консумираме половина час пред спиење за сето тоа да се овозможи: Станува збор за кравјо сирење!

Научниците утврдиле дека само 30 грамови свежо, несолено кравјо сирење е доволно за да делува позитивно врз регенерацијата на мускулите и забрзување на метаболизмот.

Сето тоа е овозможено благодарение на казеинот, млечна белковина која се наоѓа во млечните производи и сирењето.

Казеинот се вари подолго време и во текот на повеќе часови им обезбедува на мускулите корисни белковини, па телото не мора да посегнува по сопствените белковини за да добие енергија. Наместо тоа, најпрво посегнува по јаглехидратите и мастите.

Доколку од некои причини не сакате или не можете да го консумирате свежото кравјо сирење, негова добра алтернатива е и протеинскиот шејк кој во себе ќе содржи казеин. Британските истражувачи истакнуваат дека реакцијата на организмот е многу слична.

Освен свежо кравјо сирење, за да го забрзате слабеењето потребно е да се придржувате на некоја рестрикциска диета која подразбира 5-6 оброци во текот на денот, но помали порции. Исто така, потребно е да бидете повеќе физички активни и да пиете доста течности за да го хидрирате телото.