Нашите баби ставале сол на прагот од влезната врата и околу куќата – еве зошто!

Со векови солта се користи за чистење на домовите. Нема токсични својства и поради тоа луѓето ја користат за чистење и дезинфекција на предметите во своите домови. Солта е навистина корисна и исклучително евтина.

Добивме многу интересно парашање од наша читателка:

„Баба ми честопати го посипува душекот од креветот со сол. Понекогаш налетувам на купчиња сол по аглите од собите, а истото го прави и на прагот од вратата. 

Кога и да ја прашам таа се лути и ми одмавнува со рака, демек така ги бркала мравките од домот.

А јас мравки не сум видела. Мајка ми се лути што после неа мора да чисти. Се сомневаме дека баба ми прави некакви глупави магии. Ме интересира дали навистина солта ги брка мравките и што би можело тоа да значи што баба ми постојано истура сол насекаде? Ви благодарам на одговорот и ве молам да останам анонимна.“

Драга читателке, точно е дека порано се истурала сол како еден вид на магиска заштита на домот, креветот, просторијата во која се престојува. Постои верување дека солта ги чува „лошите духови“ настрана.

Но, во секое верување има помала или поголема вистина. Лошите духови заменете ги со мравки, бактерии, габи и други штетници – па ќе ја добиете вистинската формула! Душекот од креветот освен со сол, може да се поросува и со сода бикарбона.

Вака истретираниот душек откако ќе отстои, исчистете го со правосмукалка и ќе добиете чист душек без микроорганизми на кој мирно ќе спиете. Вашата баба секако на овој начин се штити од „лоши духови“. Штом не гледате мравки во домот – значи трикот на вашата баба успева!

Во понатамошниот текст можете да прочитате како се користи солта за заштита, за чистење, за полирање, за нега на кожата, за белеење на забите и за многу други работи…

Заштита од мравки

Солта е вистинското решение ако сакате да ги држите мравките подалеку од вашата кујна. Наросете сол на прозорците или на секој друг праг низ кој би можеле тие да продрат. На овој начин се намалува и влагата во домот.

Се користи сол за полирање бронза, сребро и бакар

Ако имате месингани, бакарни садови и сребрен накит, сигурно ќе сакате да ги задржите чисти. Металите потемнуваат со текот на времето и поради тоа, ќе мора да пронајдете некој начин за да ги исчистите. Солта е наједноставното, најлесното и не-корозивно решение за овој проблем.

Направете мешавина од сол и оцет па истријте ги предметите додека да им се врати сјајот. Оваа мешавина може да помогне за елиминирање на сите дамки и нечистотија.

Сол за чистење на автомобили и прозорци

Ставете неколку лажици сол во топла вода за да исчистите тврдокорни дамки од вашите прозори. Кога ќе ги пребришите вашите стакла ќе останат подолго време сјајни. Истото средство можете да го користите и за прозорите од вашиот автомобил.

Како да го исчистите одводот од мијалникот:

Чист одвод на мијалникот

Ставете сол во одводот и полијте со малку топла вода. Оставете да отстои па пуштете да тече жешка вода за да се исплакне одводот. На овој начин ќе направите дезинфекција и ќе се уништат сите лоши миризби.

Подмладување на кожата

Направете прекрасен пилинг за кожа со комбинирање на морска сол, маслиново масло или масло од лаванда. Нежно протријте го целото тело а потоа измијте ги нечистотиите со вода. Солта ја подмладува кожата и ги елиминира мртвите клетки од кожата.

Направете ги боите посјајни

Ова е неверојатно решение ако сакате на вашите завеси или теписи да им ги вратите оригиналните бои и сјај повторно. Со само едно миење нивната боја може да се врати: натопете ја крпата во концентриран солен раствор, па добро протријте. На овој начин ќе ги отстраните и тврдокорните дамки.

Дезинфекција на усната шуплина

Секогаш кога имате забоболка или ранички во устата, направете гаргара со солена вода. На овој начин ќе ја измиете устата и ќе направите дезинфекција.
Белење на забите и стоматолошка заштита
Направете мешавина од сол и сода бикарбона со цел да ги избелите забите.

Можете да ја нанесете смесата и да ја оставите некое време за да делува. Тоа ќе ви помогне да ги сочувате забите бели и чисти.

Сува облека во зима

Користете сол во финалното миење за да се спречи стеснувањето на вашите алишта. Тоа е навистина корисно ако ги сушите вашите алишта надвор на сонце. Вашата облека ќе биде мека и без ниту една дамка.