Достојна замена – царица на домашните колачи…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

800 мл вода
5 лажици шеќер
200 г чоколадо за готвење
1 маргарин/путер (250 г)
1 кг бисквити (спорт кекси)

ЗА ГЛАЗУРА:

500 мл слатка павлака за шлаг
200 г чоколадо за готвење

ПОСТАПКА:

Сите состојки ставете ги на оган да зоврие, па тргнете на страна и со лажица промешајте ги биксвитите (цели) да ја впијат течноста.

Смесата излејте ја во тепсија (30х40) израмнете и прелијте со глазура.

За глазура: слатката павлака на тивко загрејте ја, не смее да зоврие, па во неа растопете го чоколадото, па прелијте преку колачот.

Оставете на собна темпеартура глазурата да се стегне, па дури потоа потоа изладете во фрижидер.