Сè што содржи овој народен лек е целосно природно и нема апсолутно никакви штетни супстанции кои би можеле да наштетат доколку постојат други заболувања како што се дијабетес, холестерол и слично.

Потребни состојки:

1 литар вода
50 г машки тегавец
20 г коприва
5 до 7 ореви
30 г интегрален шеќер
500 г мед

Постапка:

Тегавецот измијте го и исчистете го (потребни се само листовите), исто така и 20 грама коприва.

Заедно со 5-7 ореви кои треба малку да се поткршат колку да се отворат (не треба да ги лупите), ставете ги во еден литар вода.

Оставете на умерен до тивок оган да се вари половина час, а потоа тргнете го садот од шпорет и оставете малку да подизлади (не целосно).

Течноста процедете ја, па додадете 30 г интегрален шеќер и 500 г мед. Добро промешајте додека сè уште не изладило, за да добиете кашест облик. Складирајте во стаклен сад и чувајте на темно и ладно место 24 часа. После овој период смесата може да се консумира како лек.

Употреба: За возрасни – по една супена лажица наутро и навечер, а за деца по една чајна лажичка наутро и навечер.

фото: Илустрација