Народен лек за дијафрагмална хернија

Кај вродено или здобиено раширување на дијафрагмалните отвори низ нив можат да влезат во градната шуплина дел од стомакот или цревата и да образуваат т.н. дијафрагмална хернија. Хернијата предизвикува болки, нарушена исхрана, икање, гушење и срцебиење.

НАРОДЕН ЛЕК:

Три цели свежи јајца, се матат со 500 г мед , па се додаваат три мелени (непрскани) лимони и 12 лажици цвет од жолт кантарион во прав.

Loading...

На крајот додаваме половина литар маслиново масло капка по капка, со постојано матење за да не се пресече смесата. Се зема по една лажица трипати на ден.

Паралелно се пие по три чаши на ден од следниов чај:

По 50 г тегавец, мајчина душичка, нане, црн слез, ленено семе и анасон се мешаат убаво, па две лажици од мешавината се попарува со ½ л врела вода, врие 5 минути во поклопен сад. Се процедува и се засладува со мед.

Loading...