Кромидот има антиканцерогено дејство поради присуството на сулфурните компоненти и флавоноидните антиоксиданти на истиот. Притоа има имуностимулирачки ефект – пред сè заради солидните количини витамин Ц.

Ја одржува косата и кожата здрава – исто така поради ефектот на витаминот Ц, кој е значаен во синтезата на колаген, клучен протеин за здравјето на кожата, обезбедува подобар сон и расположение.

Фолатите кои помагаат при депресија, спречувајќи созадавање вишок хомоцистеин во организмот. Недостатокот на хомоцистеин влијае на продукцијата на серотонин, домапин и норадреналин, кои се клучни во регулацијата на расположението, спиењето и апетитот.

Народен лек со кромид кој се пие 10 дена и од искуство го намалува притисокот, во следната година нема веќе да имате големи вртоглавици

Потребни состојки: 1 литар вода, 500 г шеќер, 5 главици кромид.

Постапка: Се зоврива 1 литар вода со 500 г шеќер и 5 главици кромид, неизлупени (само делот од коренот се засекува), исечени на четвртини. Водата, шеќерот и кромидот се варат на тивко 20 минути.

Потоа тенџерето се трга настрана и се остава поклопено да се лади 10 часа. Потоа се процедува низ газа и се складира во стаклено шише во фрижидер. Се кон.сумира по 1 супена лажица, трипати дневно, 20 минути пред оброк.

Третманот трае 10 дена, а потоа се прави пауза од 7 дена, па се повторува терапијата уште 10 дена. После овој лек, нема да имате проблеми со притисок цела година. Наредната година повторно се спроведува терапијата по потреба.

Чајот од кромид е исто така ефикасен лек против висок притисок. Потребни состојки: 1 помала главица кромид, 1 поголем ловоров лист (може и 2), 300 мл вода, 1 лажички мед. Секогаш бирајте органски кромид, произведен во позната средина, непрскан.

Постапка: Најпрво исечете ги краевите на кромидот, а потоа пресечете го на четвртини. Користете ја и лушпата на кромидот, доколку е органски. Лушпата од кромидот е богата со кверцетин, моќен антиоксиданс кој спречува ширење на болестите.

Лушпата изобилува и со витамин Ц кој го забрзува лекувањето на кашлицата, вирусот и настинката. Кромидот треба да се готви заедно со се лушпата. Потоа во ѓезве или тенџере ставете 300 мл вода и почекајте водата да зоврие.

Откога водата ќе зоврие, во неа додајте го исечканиот лук со се лушпата, а потоа додајте еден до два ловорови лисја. Овој чај е одличен и за долгогодишни пу-шачи и за оние кои ст-ра-даат од бронхитис.

Ловоровиот лист во комбинација со кромидот и медот прави совршена комбинација која е многу лековита, а се подготвува многу едноставно и брзо. Оставете чајот да се готви 10 минути на умерена температура со повремено мешање со дрвена лажица.

По изминатото време, тргнете од шпорет, поклопете и оставете да отстои уште 15 минути. Процедете во шолја и додајте 2 лажички мед. Сварениот кромид не го фрлајте и искористете го во ручекот во комбинација со компир или како прилог.

Одговара на секој ручек. Добро промешајте го чајот и испијте го чајот веднаш. Слободно дозирајте го чајот двапати во текот на денот, наутро и навечер пред спиење.