Направете практична вертикална садница за јагоди која ќе ви заштеди простор, а ќе имате поголема берба

Јагодите можете да ги садите напролет, но пред да започнете, пробајте со оваа многу практична садница за јагоди.

Не е воопшто тешко да се направи, а многу е погодна за одгледување на ова превкусно овошје. Освен тоа, ќе биде убава декорација во вашиот двор и градина. А да не говориме за тоа колку е лесно да се берат јагодите.

Потребен материјал:

-електрична дупчалка со бургија која може да направи дупка од 5 до 7 см.

-бургија од 2 или 3 мм за цевката

-долга ПВЦ одводна цевка (со пречник 10-15 см)

-капак за одводната цевка

-тесна цевка со пречник околу 1,5 см (околу 8-10 см подолга од главната цевка)

-чеп од плута

-нож

-самолеплива лента

-геотекстил за обмотување на цевката (долг, тесен)

-јаже за обмотување на геотекстилот.

-земја за садење

-1 кг малку груб чакал

-расад јагоди

-неколку билки кои си одговараат со јагодите, како невенот на пример

Постапка:

Одредете ја висината на цевката, така што потесната цевка мора да биде 8 до 10 см повисока од главната. Направете дупки во тесната цевка која ќе служи за наводнување. Дупчињата треба да засемаат само 2/3 од цевката на горниот дел. Како што ќе ја полевате водата таа постепено ќе продира надолу, па доколку направите дупчиња и во долниот дел на цевката, можно е горните делови да остануваат без вода.

Обвиткајте ја тесната цевка со геотекстил и прицврстете со јаже. Ова се прави за да не продрат корењата во дупчињата и на тој начин да го затнат доводот на вода. Крајот на оваа тесна цевка затнете го со плутан чеп (нивелирајте го со нож за да одговора. Сето убаво обвиткајте со самолеплива лента.

Направете дупчиња на големата цевка, но само на оние места каде што расадот ќе биде свртен кон сонце (затоа, мора да знаете каде ќе ја поставите садницата).

Голем сад ставете покрај ѕид, па во него високата дебела цевка, па на дното ставете го капакот. Во дебелата цевка ставете ја тенката, па истурете на дното крупен чакал во висина од 10см.

Дополнете со хумусна земја и садете ги јагодите во дупките кои сте ги направиле во цевката. Најдолу можете да насадите невен.

Поставете ја цевката на сончево место и полевајте редовно. Внимавајте да не фати вошки, а доколку се појават избркајте ги со природни средтсва како што е цитрусното масло.

Претходна статијаБез печење и без премногу труд: наједноставната бисквитна торта на светот се прави за само 10 минути!
Следна статијаГЛУВАРЧЕ: мед, сируп, чај, еликсир: за кашлица, слабеење, за црн дроб, регулирање на столицата