За да знаете како да се изборите со подочниците, мора прво да ја утврдите причината поради која тие се појавиле. Подочнаците и отеченоста на очните капаци најчесто се јавуваат од две различни причини, па со самото тоа бараат различен пристап за решавање на проблемот.

За среќа, постои едноставен тест кој може да го направите за да ја утврдите причината за вашиот проблем.

Постојат две категории на подоцници: во одредени случаи станува збор за пигментација на кожата, а во други, кожата на ова место е толку тенка и проѕирна што низ неа се гледаат темните вени и поткожната маснотија – тоа се два различни проблеми.

За да ја одредите причината за вашиот проблем, потребно е само на направите еден мал тест:

Фатете ја нежно кожата под око и нежно „подигнете“ ја. Кога ќе ја подигнете, посматрајте што се случува со подочниците. Ако бојата не се менува и подочниците останат „сивкасти“, тоа значи дека примарниот проблем е пигментација. Но доколку бојата стане „нормална“ кога малку ќе ја подигнете кожата, тогаш веројатно станува збор за претерано тенка кожа околу очите.

Доколку проблемот е пигментација на кожата, тоа значи дека во овој чувствителен дел се собира повеќе меланин, а тој проблем можете да го ублажите користејќи производи за нега на кожата околу очите кои содржат ретинол и/или витамин Ц.

Но ако станува збор за тенка, проѕирна кожа, не можете многу да направите, освен да најдете производ со кој ќе ги прикриете подочниците, според вашиот тип на кожата.

Би можеле да помогнат и производи за нега кои содржат хијалуронска киселина и витамин Ц, но не очекувајте чуда.