Направете БИСКВИТ ПРОЈА без лебно брашно – Најдобриот рецепт досега..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 поголеми јајца или 4 помали
200 мл јогурт
10 полни лажици пченкарно брашно
1 кесичка прашок за печиво
200 г фета сирење
сол по вкус
100 мл маслиново масло

ПОСТАПКА:

Одвојте ги белките од жолчките во различни садови. Најпрво изматете ги белките додека да добиете цврст снег.

Потоа додајте пченкарно брашно со прашок за печиво, жолчките изматени само со виљушка, ситно сирење (или крупно изронето), 100 мл масло и 200 мл јогурт.

Полека сето добро измешајте го за да се распореди рамномерно. По желба додајте сол.

Рерната вклучете ја да се загрева на 220 степени. Покријте го плехот (13х17 см или средна големина) со хартија за печење и истурете ја приготвената смеса. Одозгора посипете сусам по желба. Печете на 220 степени C околу 40 минути.

Исечете ја кога малку ќе подизлади….Уживајте во фантастичниот вкус. Презентацијата на јелена можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.