Дијабетес е хронична болест причинета од пореметената функција на панкреасот, односно кога овој орган не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го употреби веќе произведениот инсулин. Инсулинот е хормон произведен од панкреасот, а кој им овозможува на клетките да ја преземаат гликозата од кр-вта, односно да ја преработат во енергија.

Неуспешното произведување на инсулин, неефикасноста, односно резистентноста или двете состојби одеднаш, предизвикуваат зголемување на нивото на гликоза во кр-вта (хипергликемија). Оваа состојба е поврзана со долгорочната штета на телото и откажување на функцијата кај некои органи и ткива, вклучувајќи ги бубрезите, кр-вните садови, нервите и очите.

Постојат два типови на дијабетес кои се разликуваат во неколку нешта:

Тип 1: Станува збор за автоимуна состојба кога телото не произведува инсулин – хормонот кој е потребен за шеќерот да се извлече од кр-вотокот во клетките за да се претвори во енергија, која потоа ќе биде искористена за нивно функционирање. Обично оваа состојба е дијагностицирана кај малите деца.

Тип 2: Овој тип на дијабетес е најчест кај возрасните. Не се произведува доволно инсулин или телото не реагира соодветно на него. Не станува збор за автоимуна состојба, а може да е поврзана со неправилниот начин на живеење и исхрана и вишокот килограми, бидејќи масните клетки стануваат отпорни на инсулин.

Кај дијабетичарите нивото на шеќер може да се зголеми поради различни фактори, вклучувајќи:

Претерано лекување на епизодите на хипогликемија (ниско ниво на шеќер во кр-вта); прескокнување на дозите или земање на погрешни дози од лекови за дијабетес, недоволна физичка активност; стрес; некои болести, како на пример, настинка; дехидратација (недоволен внес на вода и течности); прејадување, како што е прекумерното јадење помеѓу оброците; консумација на одредени лекови, на пример, стероидните лекови

Симптоми проследени со зголемено ниво на шеќер во кр-вта

Зголеменото ниво на шеќер во кр-вта не мора нужно да значи дека имате дијабетес. Исто така, во некои случаи, лицата со хипергликемија, не чувствуваат никакви знаци за дијабетес. Меѓутоа, постојат чести симптоми кои укажуваат на високо ниво на шеќер во кр-вта, а тоа се:

Зачестено мокрење или мокрење во текот на ноќта; замаглен вид; потешкотии со концентрацијата и когнитивни пречки; сува уста, ере-ктил-на дисфункција; зачестени инфекции; бавно зараснување на исе-ченици и рани; желудочни проблеми; темен обрач на кожата околу вратот;

Потоа, постојан замор или замор во екстремитетите; зголемена жед; сува кожа и чешање; чести габични инфекции; постојано чувство на глад; вишок сало на пределот околу стомакот или зголемување на тежината или нагло слабеење; проблеми со периферните нерви

Рецепт за намалување на шеќерот во крвта

Потребни состојки: 20 см корен од рен +- (со дебелина до околу 2 см), 9 чешниња лук, свежо квалитетно пиво, шише или тегла од 1 литар

Постапка: Коренот од рен темелно измијте го, но не го лупете. Ситно исечкајте го и ставете го во тегла. Лукот излупете го, исечкајте го и ставете го во тегла. Смесата залијте ја со свежо пиво (да се исполни теглата), поклопете и оставете на темно место да отстои 10 дена. Потоа процедете.

Консумирање: Првите 2 дена – по 1 чајна лажичка 2-3 пати дневно, следните денови – по 1 супена лажица 3 пати дневно, пред јадење. Оваа мешавина може да го спушти високиот шеќер во рок од еден месец и да го одржува под контрола.

Намалете го шеќерот со гликемична исхрана. Ова значи дека треба да научите кои намирници имаат низок, среден или висок гликемиски индекс. Што значи ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС?

Гликемискиот индекс или едноставно ГИ го означува бројот на јаглехидратите во исхраната која го зголемува нивото на шеќерот во кр-вта, а може да варира од 0 до 100. Храната со висок ГИ се дигестира многу побрзо отколку храната со низок ГИ, така што согорувањето на втората, го намалува нивото на инсулин. Освен тоа, оваа храна, исто така е добра за губење на вишокот килограми. Обратете внимание на храната и нејзиниот ГИ.

Храна со низок ГИ: Храната со гликемиски индекс помеѓу 0 и 54 се класифицира во категоријата со низок ГИ. За најдобар ефект, би требало да ја консумирате секојдневно. Ова се некои од намирниците со низок ГИ, односно нивната ГИ вредност:

Едно јајце – 0 200 грама хумус – 6 200 грама брокула – 10 Еден кромид со средна големина – 10 Една полна рака ореви – 15 Една полна рака вишни – 22 Една полна рака индиски ореви – 22 Една чаша јогурт – 23 200 грама грав – 31 Една чаша сок од домати – 38 Едно јаболко со средна големина – 38 Една полна рака зелено грозје – 46 Една чаша сок од ананас – 46 Еден голем морков – 47 Еден портокал со средна големина – 48 Еден голем грејпфрут – 50 Една голема банана – 52 200 грама грашок – 54

Уште неколку производи со низок ГИ: авокадо, тофу, пиперки, зелје, спанаќ, лук, кисела зелка, марула, ротквица, ф’стаци, кикирики, маслинки, печурки, праз, лешници, ѓумбир, анасон, краставици, тиквички, моркови, рогач, зелка, модар патлиџан, артичока, јагоди, црвена и црна рибизла, малини, зелена леќа, цреши, црно чоколадо (70% какао), капини, жолта леќа, сладок компир, интегрални тестенини, кокос, ‘рж, домати, булгур, пченичен кус кус, овесни снегулки, наут, смокви, сусам, мандарини, дуња, бадеми, мешунки.

Храна со умерен ГИ: Храната со ГИ помеѓу 55 и 69 треба да се консумира во умерени количини

Папаја – 55 Црвен ориз – 55 Киви – 58 Банана – 60 Костени – 60 Пченичен гриз – 60 Ориз со долгнавесто зрно – 60 Диња – 60 Варена булгур пченица (лупена) – 60 Пченка – 60 Суви смокви – 61 Свежо цвекло – 64 Варен компир без лушпа – 65 Интегрален леб – 65 Варено цвекло 65 Кус кус – 65 Јаворов сируп – 65 Мармалад (со шеќер) – 65 Мусли (со шеќер или мед) – 65 Ананас од конзерва – 65 Суво грозје – 65

Храна со висок ГИ: Храната која има ГИ помеѓу 70 и 100 може да предизвика здравствени проблеми, па затоа е подобро да ја ограничите нејзината консумација, а онаа со многу висок ГИ да ја избегнувате во целост.

Пченкарен сируп – 115 Пиво – 110 Урми – 103 Гликозен сируп – 100 Модифициран скроб – 100 Оризен сируп – 100 Скроб од компир – 95 Печен компир – 95 Бел леб – 90 Варен морков – 85 Варен корен од целер – 85 Мусли – 85 Мед – 85 Ориз – 85 Оризово млеко – 85 Пуканки – 85 Тапиока – 85 Варена репа – 85 Варен грав – 80 Тиква – 75 Лубеница – 75 Пченкарно брашно – 70 Варени компири без лушпа – 70 Њоки – 70 Просо – 70 Палента – 70 Јачмен – 70 Амарант – 70 Двопек – 70

Исхраната многу влијае врз нашето здравје, особено на нивото на шеќер во кр-вта. Доколку ги почувствувате овие симптоми на хипергликемија, би требало да преземете некои промени, особено во исхраната и да се обидете природно да одржувате здрава рамнотежа пред да настанат понатамошни компликации.