НАПИТОК КОЈ ГИ ЧИСТИ ЦРЕВАТА: Намалете го вишокот и забрзајте го метаболизмот

Ако се чувствувате уморно и изнемоштено, обидете се во текот на седум дена да го пиете овој напиток секое утро, пред појадок. Освен што е изненадувачки вкусен со закрепнувачки вкус, тој е богат со хранливи материи и многу здрав.




Доколку имате проблем со подуен стомак, опстипација, успорен метаболизам и тешко ги симнувате вишокот к илограми, дури и кога сте на диета, во тој случај овој домашно приготвен напиток може многу да ви помогне.

NMD.mk




Особено е делотворен кај лицата кои имаат нередовна и тврда столица, а веќе долго време се обидуваат да го решат проблемот со опстипацијата. Овој напиток ќе им биде од голема помош, бидејќи содржи природни состојки кои ја придвижуваат перисталтиката на дебелото црево и го забрзуваат метаболизмот.




Главната состојка на овој напиток се сувите сливи кои се одличен извор на витамин Ц, А и К, а содржат и рибофлавин, ниацин и други витамини од Б комплексот. Богати се и со влакна кои позитивно влијаат врз функцијата на дигестивниот тракт, го чистат организмот и поттикнуваат исфрлање на ток-сините.




Одлични се и за чистење на цревата и подобрување на варењето на храната. Кога ќе ги помешате сливите со уште неколку здрави намирници, ќе добиете напиток кој се покажал како одличен за слабеење, а најдобро е ако се конcyмира пред појадок:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 до 7 суви сливи (во зависност од величината), 1 чаша (200-250 мл) домашен кефир (приготвен од габа) или немасен јогурт (кој содржи природни био-култури), 1 супена лажица ленено масло, 2 лажици овесни снегулки, 1 мала лажичка органско какако во прав.




ПОСТАПКА: Напитокот се приготвува навечер, а се пие наутро. За да не го пиете директно од фрижидер, оставете го преку ноќ да отстои во некоја ладна просторија, или пак пред да го испиете оставете го некое време да се стопли на собна температура.




Сувите сливи ставете ги да отстојат во топла вода најмалку половина час, за да можат да набубрат и убаво да се хидрираат. Во блендер ставете го кефирот, овесните снегулки, маслото од ленено семе и какаото во прав.




Сувите сливи кои отстојале во водата исчистете ги и ситно исечкајте ги, па додајте ги во блендерот заедно со останатите состојки. Миксајте додека да добиете изедначена хомогена смеса. Вака приготвениот напиток оставете го да преноќи во фрижидер или ладна просторија, а следниот ден испијте го пред појадок.




Претходна статијаНеколку капки лимон во топла вода, ќе си го подобрите здравјето и ниеден лек нема да ви е потребен
Следна статијаШПАНСКА ПРОЈА со сирење, сувомеснато и кисели краставички, прсти да излижеш колку е вкусна