ШПАНСКА ПРОЈА со сирење, сувомеснато и кисели краставички, прсти да излижеш колку е вкусна. Ваква проја немам јадено досега, многу заситува, а од оваа количина излегува за 6 луѓе, како за цело семејство.




Ја правам за појадок, ручек или вечера. Многу ја сакаме и класичната, но кога сосетката ми го кажа овој рецепт, само оваа ја јадеме бидејќи е побогата и многу повкусна. Нема да згрешите доколку ја направите, а рецептот е многу лесен за подготовка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 3 шолји пченкарно брашно, 3 шолји пченично брашно, 2 шолји масло, 2 чаши јогурт, 150 г сирење, 100 г чајна колбасица, сувомеснато, шунка по ваш избор, 2 средни кисели краставички, 1 прашак за печиво, 1 мала лажичка сол.




ПОСТАПКА: Јајцата цврсто изматете ги со миксер, постепено додавајте брашно – пченкарно и пченично заедно со прашокот за печиво. Потоа додајте масло и јогурт и внимателно измешајте.




Исечкајте го колбасот или сувомеснатото на мали коцки, исечкајте ги и киселите краставички и додајте сè во смесата, заедно со сирењето, малку издробено низ прсти. Промешајте со лажица, а не со миксер.




Не грижете се ако смесата ви изгледа малку потенка, токму таква треба да изгледа. Ако е погуста, слободно разредете ја со малку јогурт или млеко. Прелијте го тестото во подмачкан капап или тава и печете 20-30 минути на 200 степени.




Не сум прецизна со времето, бидејќи печката ми е премногу силна, така што пројата се пече за околу 20 минути, со повремено проверување. Во „нормална“ печка, печењето веројатно трае малку подолго.




Сепак, не треба да се препече, бидејќи пројата ќе излезе сува. Послужете топло со јогурт, кисело млеко или нешто по ваш избор. Моите гости, исто така, ја јадат со пиво. Шолјите наведени во рецептот се по 100 мл, а јогурт ставам секогаш малку повеќе.




Исто така важна забелешка е да внимавате на количината на брашно. Можеби ќе ви треба помалку од што е напишано во рецептот, затоа постепено додавајте го и проценете колку ви е потребно.




II РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 2 јајца, 1-2 лажички сол, 500 г кисело млеко, 200 мл масло, 3 чаши од 200 мл брашно, 3 чаши од 200 мл палента, 1 прашак за печиво, 200 г дробено сирење, малку сув магдонос, 200 мл вода, сусам или други семки по избор.

ПОСТАПКА: Во сад се кршат јајцата се додава сол и се меша со лажица, потоа се додава маслото и киселото млеко и се се соединува. Во друг сад измешајте брашно, палента и на крај додајте го прашокот за печиво, соединете и прелијте ја смесата во садот со јајца.

 




На крај додајте чаша вода по потреба, така што смесата да не е многу густа. Додадете магдонос, дробеното сирење и соеинете ги сите состојки добро. Намастете ја тавата во која ќе печете, мојата е број 32 и одозгора прелијте ја смесата, израмнете со лажица, и наросете со сусам. Печете во загреана рерна на 180 С, додека да порумени, но повремено проверувајте со чепкалка дали е испечена внатрешноста. / Coolinarka.com