Кендис-Мари Фокс била шокирана кога лекарите и соопштиле дека има рак на штитната жлезда кој се проширил и на другите органи и дека според нивна проценка и преостануваат уште максимум пет години живот.

Сега 31-годишна, ја одбила хемотерапијата и наместо неа секој ден јадела по три ананаси дневно. Исто така, јадела грејп, лимон, папаја, јаболка, киви и банани. Освен тоа, во текот на лекувањето не внесувала протеини од животинско потекло. Во рок од само 6 месеци карциномот во четврта фаза речиси исчезнал, а вчудоневидените лекари потврдиле дека целосно е излекувана од карциномот.

-Се ослободив од карциномот така што го изгладнев. Дознав дека бромелаинот од ананасот, кивито и папајата го уништува протеинскиот слој на карциномот. Протеините од животинските производи го хранат ракот, а кога јадам големи оброци, мојата енергија се насочува кон дигестирање на храната, па телото не може да се лекува.

Јадев помалку овошје и со тоа го изгладнев и карциномот, па успеав од него да се ослободам во рок од шест месеци. Повеќе немам карцином, многу сум благодарна за тоа”, вели таа.

На убавата Кендис во 2011 година и бил пронајден јазол над левата клучна коска, а наодите покажале дека станува збор за рак на штитната жлезда. И покрај терапиите, карциномот се проширил на црниот дроб и вратот, а преканцерозни клетки биле пронајдени и на белите дробови. Лекарите и прогнозирале најмногу 5 години живот.

Кендис ја одбила понудената хемотерапија. Таа ја изгубила најдобрата пријателка Ејми (31) и братучетката Френки (13) од рак, а за нивната смрт ја обвинува хемотерапијата која го ослабела нивниот организам. Британката Кендис која тогаш живеела во Австралија, се присетува на тоа време:

-Имав време од пет години (или 6 месеци по препорака на лекарите кога најдоцна да започнам за хемото) за да се ослободам од оваа болест. Одлучив на сите да им покажам дека тоа можам сама да го направам. Започнав да јадам многу овошје, а некогаш и седум дена по ред бев само на овошје”, вели таа.

Го истражувала карциномот, па почнала да се храни исклучиво со овошје и зеленчук. Најмногу јадела ананас поради бромелаинот, за кој тврди дека го “јаде” ракот, а ги исфрлила тешките оброци.

Престанала да користи хемиски козметички производи и средства за чистење, престанала да пуши, но презела и чекори да го намали стресот во својот живот.

-Стресот, хемикалиите и животинските производи го хранат ракот, па така се ослободив од нив. Кога после 6 месеци отишла на контрола, наодите потврдиле дека речиси целосно се ослободила од карциномот.

Онкологот Марк Симон, директор од Институтот за истражување на прехрамбената онкологија вели:

-Исхраната игра важна улога, заедно со редовната физичка активност, позитивниот став, па дури и духовноста. Овошјето како што е ананасот содржи бромелаин за кој е познато дека има добар ефект против карциномот.