Фото и рецепт на Александра Шуманова – Цветна погача мека како памук

Рецептот за оваа прекрасна погача ни го претстави нашата драга членка Александра Шуманова во групата НМД рецепти.

Потребни состојки: 2 јајца, 300 мл млеко, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер, 1 филџан за кафе кисело млеко, ½ филџан масло, 1/3 коцка маргарин (~80 г), 1 коцка квасец, 1 прашок за печиво и 1 кг брашно

Постапка: квасецот се раствора во млако млеко со лажичка шеќер и лажица брашно. Се разматува убаво да се изедначи и се остава 10-тина минути на топло за да се активира. Кога квасецот ќе запени, се додаваат јајцата и остатокот од состојките, а брашното со солта и прашокот за печиво се додава постепено. Се замесува убаво мазно и еластично тесто. Се покрива и се остава да стасува околу еден час на собна температура.

Стасаното тесто се истресува на набрашнета работна површина, лесно се премесува и се дели на 10 топки. Секоја топка се развлекува во кора, се засекува еден крак, а потоа тркалезно се витка во вид на корнет. По желба може да се филува со сирење. Во средината се остава едно топче а околу него во намастената тепсија се редат корнетите-краци, во вид на цвет.

Погачата можете да ја формирате и по сопствена желба. Вака формираната погача се остава уште еднаш да стаса околу половина час, потоа се премачкува со жолчки и се наросува со сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути или додека убаво да зарумени. Сличен рецепт можете да погледнете во видеото: