Хипертензија (висок притисок) е сериозен здравствен проблем и главна причина за срцеви заболувања. Постојат намирници и природни начини со чија помош може да се регулира оваа состојба.Една од овие намирници е ѓумбирот кој докажано го намалува крвниот притисок за многу кратко време.




Високиот кр-вен притисок, или хипертензијата, е една од главните причини за срцеви заболувања, па затоа е многу важно редовно да се следат неговите вредности, да се избегнува храна што го зголемува и редовно да се зема терапија (доколку лекарите тоа го препишале).




Постојат голем број „домашни лекови“ за овој проблем, од бројни лековити напитоци, чаеви, до мешавини кои помагаат во намалување на кр-вниот притисок, а неодамна беше откриено дека еден „обичен“ зачин помага за само два часа.




Станува збор за феноменалниот ѓумбир кој се покажал како многу ефикасен во еден од спроведените анализи во лабораториски услови , најпрво врз животни, а потоа и врз луѓе. Следната студија го истражуваше ефектот на оваа зачинска намирница врз луѓето, а резултатите беа објавени во „British Medical Journal“.




Истражувањето беше фокусирано на оптималната количина на оваа намирница, која има ефект на намалување на крвниот притисок. Се покажа дека тоа зависи од телесната тежина на поединецот, а најдобриот ефект беше постигнат со д оза од 100 мг ѓумбир по килограм телесна тежина.




Оваа количина драстично го намалува горниот и долниот (систолен и дијастолен) притисок за само два часа. Ова значи дека едно лице кое тежи на пример 60 кг треба да консумира 6 гр од оваа храна, што значи дека треба да издвои сосем мала сума пари за оваа „лековита“ д оза ѓумбир, а тоа го прави доста поевтин лек од останатите кои се достапни на пазарот.




Можете да го изрендате и да го додадете во салата, во некој намаз или во сок од исцеден портокал или лимон. Заклучокот до кој дојдоа истражувачите е дека овој зачин може да помогне во намалување на високиот кр-вен притисок, но секако, се препорачува претходно да се конcyлтирате со лекар.




Еден од домашните лекови кој се приготвува со оваа намирница помага и при хипертензија и генерално ги чисти кр-вните садови од масните наслаги/плаки. Оние што го испробале се задоволни од резултатите, а еве како се подготвува:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 цели главици лук, 4 см корен од ѓумбир, 4 органски лимони (заедно со кора) и 2 литри вода. ПОСТАПКА: Добро измијте го лимонот доколку не е органски и истретирајте го со раствор од сода бикарбона и оцет.

Потоа исечете го на помали парчиња и отстранете ги семките. Ѓумбирот измијте го и внимателно со помош на мала лажичка отстранете ја тенката лушпа (со грепкање), па и него исечкајте го на поситни парчќиња.




Лукот разделете го на чешниња и излупете го. Поголемите чешниња исечкајте ги на помали парчиња, па сите состојки заедно ставете ги во блендер со сосем малку вода. Блендирајте доволно долго додека да добиете еднолична, кашеста, хомогена смеса. Потоа, префрлете ја смесата во тенџере, додајте го остатокот од водата и загрејте додека да зоврие.




Штом зоврие тенџерето веднаш тргнете го настрана и оставете го да се олади. Потоа прецедете го (не мора) и складирајте го во стаклени шишиња кои добро се затвораат. Чувајте го напитокот во фрижидер. Се пие по една чаша дневно најмалку два часа пред спиење (да не е полн стомакот). Оваа количина од 200 мл можете да ја поделите и на трипати, па да пиете половина час пред секој од главните оброци.