Вратната грпка претставува чест деформитет на ‘рбетот кој може да се развие и кај мажи и кај жени, но повеќето статистики докажуваат дека вратната грпка почесто се појавува кај жените во понапредна возраст.
Оваа состојба, која лекарите ја нарекуваат вратна кифоза е резултат на хронично наклонување на вратниот дел од ‘рбетот кон напред, а се случува поради неправилно држење на телото, кое е премногу честа појава во модерниот свет поради предолго изложување пред компјутерските екрани.
Со текот на времето, навиката на лошо држење на телото може да предизвика развој на абнормална крива на горните прешлени и да се создаде ткивна маса на долниот дел на вратот.
Што предизвикува вратна грпка?
Експертот за деформитети на ‘рбет, д-р Фредрик Вилсон вели: „Лошото држење на телото е најчеста причина за појава на вратна грпка. Но, најчестите причина покрај неправилното седење во текот на денот, вклучуваат и:
Остеопороза
По некоја скршеница, лекувањето се базира на седење и лежење така што се создава компресија на ‘рбетот која предизвикува зголемена крива во вратот. Главата се придвижува напред повеќе од нормалното и потоа се создава деформитетот. Остеопорозата е најчеста причина за појава на оваа состојба.
Вроден деформитет
Поретко, ‘рбетот не се формира правилно пред раѓањето. Оваа состојба е почеста кај тинејџерите, кога ‘рбетот се развива во форма на клин, наместо слично на правоаголник. Овој проблем обично се манифестира околу средната возраст. Потребно е некое време да се развие, бидејќи тоа е долгорочно слабеење на торакалните екстензорни мускули“, вели д-р Вилсон.
Овој деформитет влијае негативно на дисковите на прешлените и се зголемува заморот во вратот. Нашите мускули не се навикнати на тој вид деформитет. Доколку деформитетот не се третира навремено може да предизвика дополнително искривување на ‘рбетниот столб, а болката е неподнослива. Болката може да се рашири и во долниот дел од грбот, а понекогаш може да ги опфати и нозете.
Одржувањето на правилно држење на телото е најдобриот начин да се спречи овој проблем. Исто така, обидете се да го намалите ризикот за појава на остеопороза или да го намалите текот доколку веќе патите од оваа болест.
Д-р Вилсон вели дека во зависност од вашата возраст и сериозноста на деформитетот, честопати може да се подобри општата состојба и да се намалат симптомите. Ова може да го постигнете со зајакнување на мускулите на горниот дел од грбот преку вежби.
Д-р Џаспер Хулсер, киропрактичар по професија од Милтон, Кембриџ клиниката советува секојдневно да ги правите овие вежби, а вратниот деформитет со сигурност ќе го намалите или превенирате. Тој советува – ,,Болката нема да исчезне преку ноќ. Потребно е долго време деформитетот да се поправи, а некогаш терапијата трае со месеци. Но, немојте да се откажувате пребрзо и почнете навреме со третманот.”
Овие вежби одземаат само 4 минути да ги направите. Потребно е да ги правите секојдневно по два – трипати на ден. Лесно се изведуваат и може да се прават во домашни услови.
Најпрво потребно е да бидете постојано исправени и да одржувате правилен став на телото и ‘рбетниот столб.
Првата вежба се нарекува ”YWTL”, a тоа значи дека треба да го истегнете сите мускули на вратниот и градниот дел на ‘рбетот. Можеби звучи збунувачки, но вежбата е многу едноставна. Заземете став на расчекорени стапала, а телото исправете го.
Подигнете ги рацете во вис, со дланките свртени нанапред. Не се подигнувајте на прсти и главата држете ја исправена. Држете ги рацете во вис околу 30 секунди, а потоа повторете ја вежбата уште трипати.
Положбата во која се наоѓате треба да личи на ”Y” буквата, па затоа вежбата го добила ова име. Потоа подлактот свиткајте го во лакт и спуштете ги рацете така што сега ќе одржувате положба на буквата “W”. Не ги допирајте лактите покрај телото. Останете во оваа положба уште 30 секунди.
Потоа направете “T” положба така што подлактот само ќе го исправите, а надлактот останува во истата положба и не го допирате покрај телото. Навалeте ги рацете накај грбот и повторно останете во оваа положба околу 30 секунди.
Потоа последното движење е да ги приближите надлактите покрај телото, а подлактите ќе ги свиткате во лактите. Оваа позиција се нарекува “L” положба.
Втората вежба е исто така многу едноставна и ефикасна. Потребно е да ги ставите рацете позади грбот и да со дланките да се опфатите за рачните зглобови. Главата наведнете ја наназад колку повеќе можете, а рацете исправете ги во лактите и останете во оваа позиција 30 секунди. Потребно е да извршувате правилно дишење додека сте во оваа позиција, длабоко вдишувајте и издишувајте.
,,Последната вежба е мојата омилена, а според мене и најефективна” – вели д-р Хулсер. Со предната страна на телото доближете се до ѕид или некоја друга површина. Едната рака кренете ја во висина на ѕидот и главата држете ја исправена. Другата рака стои покрај телото.
Потоа свртете ја главата преку рамото на раката која ви е подигната и зафрлете ја наназад колку повеќе можете. Останете во оваа позиција околу 15 секунди. Вратете ја главата во почетна положба и потоа повторете го истото движење на истата страна. Истите движења повторете ги и на другата страна со другата рака.
„Типично ги испраќам луѓето на физикална терапија за да им помогнам да научат правилно да ги прават овие вежби“, вели д-р Вилсон. Но, вежбите кои ги препорача д-р Хулсер се многу ефикасни и лесни за изведување така што може да ги правите од дома по неколку пати на ден.
За среќа, тие не одземаат многу време. И ако ги правите редовно, ќе имате помалку болка, повеќе енергија и ќе се чувствувате подобро. Овие вежби освен што помагаат во лекување на вратниот деформитет, добри се и за утринско истегнување. Деталите од вежбите може да ги погледнете ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска. Вежбите за вратна грпка според д-р Бубновски можете да ги погледнете ОВДЕ.