Овој рецепт е инстант-решение за оние кои сакаат да го намалат обемот на својата половина. Благодарение на оваа комбинација од природни состојки ќе го намалите обемот на стомакот за половина до цел центиметар и тоа во најбрз можен рок, за седум дена.

Покрај тоа, овој напиток има и други предности: ја подобрува функцијата на мозокот, меморијата, видот и слухот. напитокот ви помага да ги елиминирате вишокот масти кои со текот на годините се наталожиле и формирале цврст масен слој – “сало”. Покрај тоа, ќе ги исфрлите и випокот ткивни течности од организмот.

За да го приготвите овој напиток ќе ви бидат потребни следните состојки: 125 г рен, 3 лимони, 4 лажички мед, 2 лажички цимет и едно парче свеж ѓумбиров корен со должина од 2-3 см.

Постапка: исечкајте го ренот и ѓумбирот на помали парчиња, ставете ги во блендер и добро сомелете ги. Лимонот е најдобро да биде органски, но доколку не е, тогаш измијте го со ладна вода и оставете го половина час во раствор во кој сте додале една лажица сода бикарбона. Потоа уште еднаш испланете го.

Исечете го лимонот заедно со кората, но отстранете ги семките. Додадете го во блендерот, па заедно со другите состојки сомелете го додека да добиете изедначена смеса. Во оваа смеса додадете и четири лажички мед и две лажички цимет во прав.

Ренот е вистинско “мало пакување -здравје”. Содржи витамини Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум и фосфор. ренот е особено моќен во комбинација со масна храна, бидејќи ја стимулира нејзината дигестија.

Го чисти телото од токсини, го стимулира метаболизмот, добар е во борбата против умор, и стимулира развој на корисни бактерии во цревата. Не се препорачува во поголеми количини за луѓе со чувствителни црева и други дигестивни проблеми, за луѓе со камења во бубрези (стимулира создавање на поголема количина урина) илуѓе со хипотироидеа.

Сигурно ќе ве интересира и овој рецепт: Малку ќе дувкате додека го јадете, но според докторката ќе топите 1 см сало дневно! Д-р Ирина Стефановска е познат руски лекар, фитотерапевт и диетолог. Во програмата за здрав живот на Руската телевизија, Д-р Стефановска вели: “Благодарение на овој рецепт, според моите податоци, жените го намалуваат обемот на половината до 1 сантиметар дневно!”

“Ренот го стимулира црниот дроб, го стимулира срцето и циркулацијата, а покрај тоа е одличен диуретик и помага при ревматизам. Исто така, лесно ги топи наслагите околу стомакот …“ вели Д-р Стефановска. Овој еликсир го елиминира вишокот на масти и на вода од телото, ја подобрува функцијата на мозокот, меморијата, слухот и концентрацијата.

Забелешка на нмд: смесата е навистина ефикасна, но не започнувате веднаш да слабеете по првото консумирање, туку по извесен период и редовна консумација, што е инфивидуално за секого. Добро е да се мачкате и со некој стимулирачки крем на зафатените места кои сакате најмногу да ги слабеете, да пиете доболно течности и малку повеќе да бидете физички активни за да го поттикнете исфрлањето на метабилните продукти кога ќе започне “топењето” на салото.

Потребни состојки: 125 г рен, 3 органски лимони, 3 лажици мед. Постапка: ренот измиксајте го во блендер. Лимоните добро измијте ги, извадете им ги семките, па заедно со кората додадете ги во блендерот и измешајте ги со ренот. Потоа додадете три лажици мед и добро соединете. Смесата се чува во фрижидер, во стаклена тегла со капак.

Употреба: По една лажица од мевлемот, двапати дневно со оброк. Оваа смеса користете ја три седмици па ќе забележите како се намалува обемот на вашата половина. НАПОМЕНА: смесата е силна, може да се јават болки во стомак доколку го немате и претходно консумирано ренот. Смесата се јаде заедно со јадење!

Сигурно ќе ве интересира: Богатство од витамини и минерали – Еве зошто е добро да изедете една лажичка рен секој ден. Ренот спаѓа во списокот на најздравите намирници кои многу погодно делуваат врз здравјето на организмот. Ренот е корен кој потекнува од јужна Европа и западна Азија и главно се користи како зачин на Западот и некои источни кулинарски традиции.

Изобилува со голема количина на витамини и минерали, а тоа го прави една од најздравите и најпожелните намирници. Ренот е многу богат со каротен, хлорофил, фосфор, сулфур, магнезиум, хлор, калиум, калциум, но многу е важно да се напомене и дека е одличен извор на витамин Ц. Поради сето набројано, ренот може да ја подобри состојбата на целиот организам и да ублажи некои здравствени тегоби.

При консумирање на готовите намази од рен треба да се има во предвид дека содржат натриум кој никако не е поволен за дијабетичарите. Луѓето со пореметена функција на бубрезите, исто така треба да го одбегнуваат консумирањето на ренот.

Ренот го зајакнува ИМУНИТЕТОТ. Нутриционистите се уверени дека освен што ќе останеме во форма, со редовна консумација на ренот го активираме сопствениот имунилошки систем, кој е нашата одбрана од сите видови болести. Изотиоцијанатот кој се наоѓа во ренот поттикнува активација и јакнење на имунолошкиот систем и го подобрува производството на леукоцитите од чиј број зависи од бројот на слободните радикали.

Исто така, врз имунитетот многу поволно влијае и големата количина на витамин Ц. Може да ги ублажи симптомите на артритис и остеопороза – калциумот и магнезиумот се есенцијални минерали задолжени за изградба на коските кои можат да ги ублажат симптомите кои предизвикуваат артритис и остеопороза.

Ренот е многу богат со овие минерали, па поради тоа се препорачува во исхраната на сите кои имаат генетска предиспозиција кон развивање на вакви коскени заболувања. Ја подобрува работата на цревата – Употребата на ренот во исхраната доведува до правилна работа на дигестивниот тракт и подобро здравје на цревата.

Успешно се бори и против бактериите – Алил изотиоцијанат е антибактериска супстанција која се наоѓа во ренот и таа е способна да ги елиминира бактериите. Освен ова соединение во ренот се наоѓа и значителна залиха на манган, кој помага во нормалната функција на клетките во телото.

Еве како сами да си направите рен за зимница или за секојдневна употреба. Ренот е екстра здрава намирница и многу важен борец против грипот и настинките. Затоа е важно да си го сочувате и да го користите преку цела зима. Ова е еден рецепт и упатство како да го сочувате коренот на оваа многу лековита билка.

Проблемот со ренот е во тоа што обично тој на многумина им е пресилен и затоа го одбегнуваат. Едно од решенијата е да го изрендате, исцедите, да го исперете во една или две води, па повторно да го исцедите. Тој рен измешајте го со домашна павлака и јадете го како салата.

Рецепт за рен со јаболка – Ова е уште една верзија за “послаб” рен. Потребни состојки: 130 г корен од рен и 150 мл јаболков оцет. Постапка: Секако, по желба можете и да ги зголемите количините. Ренот изрендајте го рачно или со сечкалка за храна или во блендер.

Ставете го во претходно стерилизирани теглички. Прелијте го одозгора со јаболкова киселина, промешајте и оставете го во фрижидер до 12 месеци. Се користи како салата или како додаток на јадењата. ЗАМРЗНУВАЊЕ на ренот: Постојат повеќе начини за приготвување на ренот за зимница, а еден од начините е да го замрзнете.

Пожелно е да користите вакуумски апарат, кој ќе го извлече воздухот и ќе помогне ренот да ги задржи здравите масла, по кои е толку познат. Значи, корењата рен добро исчистете ги и исечкајте ги на мали парчиња, ставете ги во кесички и затворете ги со помош на вакуумски апарат. Чувајте го во замрзнувач до година дена.

Рецепт за СОС ОД РЕН – Овој рецепт е исклучиво за љубителите на ренот. Потребни состојки: 2-3 корења рен, 4 лажици говедска супа (може и коцка), 2 лажици кисело млеко, сол, масло, оцет по вкус. Постапка: Ренот исчистете го, изрендајте го ситно и прелијте го со супата.

Потоа додадете малку масло, посолете, додадете малку оцет по вкус, добро промешајте, а потоа додадете го киселото млеко. Ова е извонреден прилог со варено или печено телешко месо. Може да го приготвите и така што сите состојки ќе ги ставите на едно место, во блендер.

Во блендерот добро ќе ги измиксате состојките додека да добиете крем. За ренот се вели дека најдобро му се извлекува вкусот доколку се ренда во обратен правец, а да не се блендира. Некои не го откопуваат во месеците од април до септември, бидејќи се смета дека тогаш ја нема потребната силина, туку само во месеците кои ја содржат буквата Р.

Рецепт за совршен бел крем од рен, подобар дури и од купечкиот. Потребни состојки: 200 г рен, 1 лажичка шеќер, алкохолен оцет. Постапка: Ренот исчистете го од надворешната кора и исечкајте го на тркалца. Ставете го во мултрипрактик, блендер или сечко, и ситно сомелете го.

Ренданиот рен ставете го во теглички, додадете лажичка шеќер и околу една чаша оцет, во зависност од тоа колку сакате да ви биде густо. Брзо измешајте, израмнете и затворете ја тегличката. Може да се чува на темно место на собна температура до неколку месеци.

Вака ренот најмалку губи од јачината, бидејќи целата постапка се одвива во затворено, а нема ни солзи. Кога се купува ренот тој треба да има светла боја, кората да не му е испукана. Ренот не треба да се мие ниту да се соли, бидејќи за кратко време ќе ја промени бојата во сиво. Тоа се прави доколку непосредно ќе го послужите.