Сода бикарбоната е сеприсутна во домаќинството. На многумина им се познати нејзините магични својства и мноштво начини за незјина примена, како во кујната, така во природната медицина и козметиката.

Но, дали знаевте дека обичната сода бикарбона може да биде корисна и во приготвувањето на месото?

Можеби ќе се изненадите, но со нејзина помош може да приготвите вкусна и сочна шницла, па дури и од најтврдото парче месо.

Сода бикарбоната има моќ да ја зголеми вредноста на рН на месото, со што овозможува задржување на влагата, а структурата на мускулното ткиво ја опушта и станува нежна и ровка.

За да го омекнете тврдото месо, следете ги овие чекори:

1.Земете парче месо и наросете го со сода бикарбона. Распоредете ја по целата површина.

2.Вака приготвеното месо оставете го во фрижидер да отстои 2-3 часа.

3.Пред да го приготвите, добро исперете го под млаз ладна вода.

4.Потоа можете да го зачините месото со вашите омилени зачини. Месото ќе се топи во уста.

Во зависност од видот на месото, гответе го според рецептот. На пример, парчето шницла можете да го извалкате во малку брашно и на загреано масло да го испржите од двете страни колку да фати убава боичка, а потоа уште 15-тина минути да го издинстате со малку сос.