Овие стапчиња се многу убава и вкусна закуска, за сите возрасти и пригоди. Овие стапчиња нема кој не ги сака. Смесата се подготвува за пет минути, а потоа тестото се става во готварски шприц и директно се спуштаат стапчиња во плех за печење. Стапчињата се печат многу кратко време, во зависност од рерната.

Овие стапчиња се благи, но може да се подготвуваат и солени и да се прават со разни зачини. Јас ќе ви покажам како ги правам во блага варијанта, а за солена изоставете го само медот и ванилиниот шеќер и додајте само 1 лажица кристал шеќер, а ставете повеќе сол. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (~ за 68-70 парчиња): приближно 150 г брашно, 30 г шеќер, 40 мл масло, 1 јајце, 50 г мед, 8 г ванилин шеќер (1/2 кесичка), 1 лажиче на врв прашок за печиво, сол по вкус.

ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете приближ 150 г брашно, па додајте 1 лажиче  прашок за печиво и промешајте. Потоа наросете една лажица сол или помалку и додајте 30 г шеќер, 40 мл масло, 50 г мед и 8 г ванилин шеќер.

Потоа измешајте со шпатула, додека се формира течна и еднолична смеса. Смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки и тешко да се разлева. Затоа е важно да ги додавате состојките една по една и секоја добро да ја соединувате, при додавање на наредната намирница.

Измешајте ја смесата-тестото додека сите состојки да се изедначат и да добиете убаво компактно тесто (многу е слично како она за уштипци). Тестото може да го оставите малку на собна температура, па пренесете ја смесата во чаша која сте ја обложиле со готварски шприц.

Доколку немате готварски шприц, смесата може да ја ставите во кеса. Пресечете ја кесата на врвот, сосем мал отвор, па веднаш спуштајте стапчиња директно на плех, обложен со плех за печење. Јас стапчињата ги подготвувам тенки и затоа ми излегуваат околу 70 парчиња.

Обликот на соленките секако може да биде и по ваш избор. Може да ги правите уште потенки и подолги, а по желба може и да ги зачинувате со разни зачини (за солени) или со семки по вкус. Јас ги подготвив сосем најобични.

Откога ќе ги наредите соленките во плехот ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 7-8 минути, односно додека убаво да заруменат и во зависност од рерната. Соленките се убави и вкусни кога се топли, но уште поубави и поровки откако ќе изладат. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.