Не пропуштајте го овој лесен рецепт од Аурора и направете го највкусниот празен бурек – пита со најмалку намирници. Како што вели таа, ова е еден вид лисната пита која е многу вкусна и веднаш сета се изедува.
Може да ја приготвите за појадок, ручек или вечера, а бидејќи се приготвува од бесквасно тесто, многу е побрза, зашто не се чека тестото да ферментира.
По желба, секако, може да ја филувате со нешто по вкус, но вака „празна“ е совршена, па нема да погрешите доколку ја подготвите. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500-550 г брашно, 400 мл млака вода, 1 мала лажичка шеќер, 1.5 лажичка сол, 250 г путер или маргарин. За премачкување на питата: 2 жолчки (ако ја правите посна премачкјате ја со посен мајонез). За наросување сусам или семе по желба.
ПОСТАПКА: загрејте ја водата да биде млака и сипете ја во еден подлабок сад. Додајте лажичка шеќер и лажичка ипол сол, па промешајте за да се растворат. Потоа започнете постепено да додавате брашно, за точно да оцените колку ќе ви биде потребно (различни брашно, различно впиваат вода).
На почетокот мешајте со лажица или кујнска шпатула додека брашното ја впие сета течност, а кога ќе се формира компактно тесто, месењето продолжете го рачно.
Бидејќи станува збор за бесквасно тесто кое не содржи никаква маснотија во себе, потребно е тоа добро да се изработи, додека да започне да се одвојува од рацете и садот во кој се замесува.
Тестото треба да биде средно меко. Истресете го врз малку набрашнета работна површина и поделете го на 8 приближно еднакви делови. Од секој дел обликувајте топче. Тестото лесно се растегнува и обликува и сосем малку се лепи за прстите, зашто е меко.
Потоа секое од топчињата развлечете го со оклагија што потенко. По потреба наросувајте брашно за да не ви се лепи тестото. Откако ќе ги развлечете сите кори, започнете со премачкувањето. Настрана растопете маст, путер или маргарин, да не е течен, туку колку да може полесно да се мачка.
Корите редете ги една врз друга и секоја премачкувајте ја со маснотија преку целата површина. Последната, осмата кора наросете ја со малку брашно и уште еднаш со оклагијата поминете преку купот од осум кори, за да се развлече малку големата кора, но не премногу.
Преку целата површина повторно премачкјате со маснотија, па од едната страна преклопете ја кората до средина, премачкјате го и тој дел, па преклопете и од другата страна.
Малку притиснете, па повторно премачкјате. Потоа долгиот правоаголник преклопете го од едната страна до половина.
Премачкјате и преклопете од другата страна, така, да добиете коцка. Убаво спакувајте со рацете, наросете малку брашно, па со оклагијата полека развлечете еден правоаголник (кората да е потенка од 0,5 см).
Вклучете ја рерната да се загрева на 250 степени, па префрлете ја кората во плех обложен со хартија за печење.
Направете површински коси засеци и премачкјате ја со две жолчки и наросете сусам. Ставете да се пече 10 минути во загреана рерна на 250 степени, а потоа намалете на 200 степени и печете уште 15 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.