НАЈВКУСНИОТ ЛЕБ ЗА 5 МИНУТИ! Без месење и без квасец, само 4 состојки…Овој рецепт заслужува највисока оцена!

Од само неколку состојки и без мака, можете да испечете многу вкусен леб кој можете да го послужите со секакво јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 г брашно
1 кесичка прашок за печиво
330 мл млеко
200 г рендан кашкавал гауда

И уште:
1 лажичка сол или по вкус
1 лажичка суво оригано или ароматични билки по вкус
30 г сув кромид или нешто по ваш вкус (може чипс од сланина)
1 рака рендан кашкавал за одозгора

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки сипете ги во подлабок сад и изматете со миксер, со спирални продолжетоци.

2.Треба да добиете меко и лепливо тесто.

3.Тестото сипете го во калап за леб (25 см), долгнавест, тесен и длабок, претходно намастен и набрашнет. Со набрашнети раце распоредете го рамномерно и израмнете.

4.Одозгора посипете една рака рендан кашкавал и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 40 минути.

5.Печениот леб извадете го да се олади на решетка.

6.Сечете го и сладете се во одличниот вкус! Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Лебот можете да го подготвите и без додавање на зачини, со основните базични состојки.