Најубавото чудо од тесто со јогурт за мекици готови за 10 минути: Омилениот појадок на децата

Верувам дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

500 мл млеко
1 квасец
1 прашок за печиво
4 јајца
1 лажица сол
200 мл јогурт
1,4 кг брашно +-

Постапка:

Во млако млеко растворете го квасецот со лажичка шеќер и оставете го 10-тинаминути на топло да се запени и активира. Потоа додадете ги останатите состојки и замесете убаво, мазно тесто исто како за кифлички, да не биде тврдо.

Loading...

Откако добро ќе го измесите тестото ставете го во намастен сад и прекријте го со проѕирна фолија која исто така можете да ја намастите од внатрешната страна за да не ви се лепи тестото кога ќе стаса.

Вака подготвеното тесто може да стои до 7 дена во фрижидер.

Кога ќе посакате да пржите мекици, извадете го тестото, кинете парчиња и со рацете формирајте ги мекиците – развлекувајте тенки кори.

Во садот каде ќе ги пржите мекиците ставете малку масло да се загрее, па пржете ги на умерен оган. Остатокот од тестото вратете го во фрижидер.

Направете го ова чудо од тесто, навистина ќе ви се допадне.

Coolinarika.com

Loading...