Три дена се прашував зошто сапунот не мие добро, а потоа сфатив каде грешам – цел Интернет се смее на ова фото.

Корона вирусот на голем број луѓе им го поремети ритамот на секојдневното живеење, освен, можеби на интровертните луѓе, кои ионака обожуваат да седат дома, настрана од социјалните случувања.

Во екот на паниката луѓето масовно отидоа во продавниците и искупија сè што можеше да се купи, некои разумно правејќи залиха за 14 дена самоизолација, а некои неразумно, подоготвувајќи се за евентуална апокалипса на светот.

Како и да е, на една бремена жена и се случила една интересна анегдота. Имено, нејзе како и на милион други луѓе во светот, пандемијата им го зголеми нивото на загриженост. Таа три дена си ги миела рацете со сапун кој воопшто не пенел и не ги ги миел рацете, а таа се прашувала зошто е тоа така. Најпосле ја сфатила причината.

Мајли од Ванкувер стана ѕвезда на социјалната мрежа Редит откако им покажа на форумџиите што правела минатите три дена.

Имено, откако започна епидемијата со коронавирусот, како и сите други таа многу почесто ги миела рацете, но кога и да се обидела да ги измие со парчето сапун, рацете и останувале како неизмиени и многу и било чудно. Три дена се прашувала што е работата, а потоа сфатила дека на лавабото наместо сапун ставила чедар кашкавал.

-Откако вака често ги мијам рацете, го заменив течниот сапун со цврст, зошто помалку ми ги оштетува рацете. Меѓутоа, некако сум го замнила кашкавалот со сапунот, – вели таа.

-За волја на вистината, парчето кашкавал, навистина личи на парче сапун. Провери дали сапунот ти е во фрижидер! – ја посоветувале форумџиите.