Најубавите ѓевречиња по традиционален рецепт – побрзајте и направете ги, ќе бидете воодушевени (посно)

Пригответе ги овие ароматични турски ѓевречиња кои ќе ве освојат после првиот залак. Се приготвуваат по традиционален рецепт, верувам дека сите ќе уживате во нивниот вкус.

Потребни состојки:

380 г брашно
180 мл млака вода
20 г квасец
2 лажици шеќер
½ лажичка сол
20 мл маслиново масло

за премачкување одозгора:

100 мл вода
1 лажица мед
30 г сусам

Постапка:

Loading...

Во еден сад ставете 180 мл млака вода, 2 лажици шеќер и издробете 30 г свеж квасец. Промешајте убаво да се се растворат шеќерот и квасецот, па додадете 380 г просеано брашно.

Посолете со половина лажичка сол, па промешајте убаво со лажица додека да се формира компактна смеса. Во тестото на крај додадете 20 мл маслиново масло па замесете со рака.

Откако ќе го впие маслото, тестото префрлете го на набрашнета работна површина, па убаво измесете го додека да стане еластично. Измесеното тесто оставете го покриено во сад да стасува еден час додека да ја удвои својата големина.

Во една чинија ставете 100 мл млака вода и една супена лажица мед, па промешајте тој да се раствори. Во друга чинија истурете сусам.

Стасаното тесто поделете го на шест еднакви делови, а од секое формирајте топче. Оставете ги покриени неколку минути, а потоа едно по едно формирајте ги во ѓевречиња.

Земете едно топче (а другите нека останат покриени за да не се сушат), па со дланките расучете го во долг и тенок ваљак. Преклопете го и исучете го, па формирајте прстен. Прво натопете го во водата со мед, а потоа извалкајте го во сусамот.

Вака формираните ѓевречиња редете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да стасуваат 40 минути.

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути додека да заруменат. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...