Чоколадно лудило за само 7 минути, без готвење и без печење, одличен рецепт за летните горештини

Рецепт и видео: Бригита Хусиќ

Потребни ви се само 7 минути за да го приготвите и еден час во длабоко замрзнување за да можете да уживате во овој чоколаден колач.

Потребни состојки:

300 г црно чоколадо квалитетно
500 г маскарпоне крем сирење
200 мл слатка павлака
готова бисквитна кора или пишкоти + малку млеко или вода
чоколадни трошки за декорација
калап 10х28 см долгнавест

Постапка:

Loading...

Калапот обложете го со фолија или хартија за печење. Направете основа од еден ред бисквити или пишкоти кои пред да ги наредете на дното од калапот, малку ќе ги натопите во млеко. Наместо пишкоти може да искористите и готова биксвитна кора како што е наведено во видеото и која треба малку да се натопи со малку вода, сок или млеко.

Во микробранова печка или на тивок оган, на пареа, растопете го чоколадото. Слатката павлака изматете ја со миксер во цврст шлаг. Одвојте 4 лажици на страна за украсување.

Маскарпонето или било кое друго несолено крем сирење (ладно од фрижидер) изматете го малку со жица и одвојте 3 лажици кои ќе ги соединете со 4 лажици, претходно одземени од слатката павлака.

Значи, 3 лажици маскарпоне и 4 лажици изматена слатка павлака се мешаат заедно и се тргаат на страна за декорација на тортата.

Во изматеното маскарпоне додадете го растопеното и подизладено чоколадо, па промешајте да се изедначат. Ова направете го на два наврати (половина чокоалдо, промешајте, па додадете го остатокот од чоколадото).

Во чоколадниот крем од маскарпоне додадете го шлагот од слатка павлака, исто така на два наврата. Промешајте со шпатула и изедначете.

Добиениот крем нанесете го врз бисквитната основа и израмнете. Оставете околу 3 лажици од кремот за декорација.

Декорација: ставајте наизменично бел и темен крем, а одозгора наросете со чоколадни трошки. Пред послужување добро изладете во фрижидер. Деталите можете да ги погледнете во видеото:

Loading...