Кога Питер Карвел го објави рецептот на својот Јутјуб канал и начинот на приготвување за специфичниот напиток за слабеење, сите беа воодушевени и започнаа да го применуваат. Коментарите на благодарност и пофалби за ефикасноста на напитокот се безброј.

Станува збор за рецепт кој тој го добил од славниот британски хомеопат, а не е ни чудо што во краток временски период го прегледале речиси 2 милиони луѓе, а еве и зошто. Имено, доколку не сте некој љубител на зеленчукот, природните сокови се одличен начин во своето тело да внесете хранливи материи.

Па, доколку ги искомбинирате вистинските намирници, ќе добиете можен напиток кој ги топи масните наслаги од стомакот и го чисти организмот од наталожените токсини. Затоа, побрзајте и набавете си потребните намирници за да си го направите овој чудотворен напиток.

Потребни состојки: 1 голема главица цвекло, 2-3 свежи моркови, 4-5 стапчиња целер, 1 рака свеж спанаќ, 1 јаболко, 1 свежа краставица, 2 ротквици, 1 корен свеж корен од ѓумбир (должина 1,5 см) и 1 лимон

Постапка: Исчистениот зеленчук и јаболкото исцедете ги во соковник и испијте го веднаш сокот. Најдобро е да се консумира наутро, а од сите намирници ќе добиете околу половина литар сок.

Оние кои го пробале овој напиток велат дека е толку хранлив, што може да замени мултивитаминска таблета, па дури и појадок. После пиењето на сокот не јадете ништо околу еден час.