Чебурек-панцероти без квасец: Децата бараа – мама исполнува желби

Чебурек или чебуреки, кој како го нарекува е вид на брза храна, лепињи кои според изгледот потсетуваат на панцероти или калцони, но тоа не се. Тестото е без квасец, се прави како влечено, само од брашно од вода, а вкусот е фантастичен.

Претпоставувате сека потекнуваат од Турција. Тоа е комбинација од бурек, панцероти, бидејќи се пржат на масло, а малку потсетуваат и на мантии. Децата повторно ми бараа, а мама секако, исполнува желби.

Потребни состојки:

500 г меко брашно + малку за премесување и развлекување
250 мл вода
2 лажици масло
1 прстофат сол

За фил:

Loading...

500 г мелено месо
1 поголема главица кромид
сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Ставете брашно во поголем сад, направете вдлабнување, па додадете вода, масло и малку посолете. Замесете го тестото.

Тестото треба да се меси малку подолго, додека убаво да се поврзе и да се изедначи, околу 5 минути. Тестото е тврдо, но така треба да биде.

Оставете го половина час да отстои покриено до крпа.

За тоа време ситно исечкајте го кромидот, измешајте го со месото и зачините, па и оваа смеса малку замесете ја за да се соединат зачините.

Тестото поделете го на 12 еднакви делови и секој обликувајте го во топче. Не ги месете многу зошто тестото ќе стане жилаво и потешко ќе се развлекува, но и ако тоа ви се случи, само топчињата оставете ги малку да отстојат, па ќе се опуштат.

Секое топче развлечете го во круг или приближно на круг, колку потенко можете. Нанесете од филот на половината од кругот, префрлете ја другата половина и со виљушка притиснете го тестото. Вишокот од тестото отсечете го.

Така направете додека да го потрошите тестото и месото. Тестото можете да го полните и со фил за пица на прибар, пробавме, исто е одлично.

Во поголема тава најте масло како за похување, па спуштајте ги чебуреците да се печат на умерен оган рамномерно од двете страни. Не грижете се, нема да биде масно. Пржените чебуреци вадете ги врз хартиена салветка.

Одлично одговара со разматена павлака со сечкано лукче и магдонос.

coolinarika.com

Loading...