Ова е најдобриот рецепт за ФРИТУЛИ…Се топат во уста како локумчиња…меки како памук, мирисаат на лето…Ова е еден од најдобрите рецепти за фритули, излегуваат навистина меки како памук и многу вкусни. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

360 г остро брашно,
2 јајца,
2 лажици шеќер,
1 лажица ванилин шеќер,
360 г цврст јогурт или кисела павлака,
½ лажичка сол,
2 лажички прашок за печиво,
1 лажица рум,
½ портокал – рендана кора,
½ лимон – рендана кора,
700 мл растително масло за пржење,
шеќер во прав и
100 г бело чоколадо

Постапка:

Двете јајца заедно со две лажици шеќер и една лажица ванилин шеќер изматете ги со жица за матење околу две минути. Потоа додајте 360 г (една чаша) кисела павлака, половина лажичка сол и повторно промешајте.

Потоа додајте просеано брашно и прашок за печиво, една лажица рум и матете за да добиете убава мазна смеса.

Додајте го остатокот од брашното (вкупно 360 г) и изматете уште еднаш со жицата. Во оваа смеса додајте ситно изрендана кора од портокал и кора од лимон.

Маслото ставете го во длабоко тенџере и загрејте го на 180 степени (на умерен оган).

Со раката црпнете од тестото, па преку дупчето што го формираат палецот и свитканиот показалец истиснете топче кое ќе го откинете со навлажнето лажиче (лажичето претходно натопете го во вода).

Топчето спуштете го во загреаното масло. Постапката е најдобро да ја видите во видеото кое ќе го најдете на крајот од рецептот.

На ист начин направете ги сите фритули. Лажичката секојпат натопувајте ја во вода пред да црпнете ново топче.

Со решеткаста лажица вртете ги фритулите за рамномерно да се испржат, па вадете ги врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија.

На крај посипете ги со шеќер во прав и 100 г бело чоколадо растопено на пареа. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: