Најубавиот компир што сум го јадела – чиста десетка!

Вака приготвениот компир е сочен и доста заситува. Ви препорачувам да го пробате!

Потребни состојки:

1,5 кг компири

500 мл павлака за готвење (хопла)

200 мл млеко

100 мл масло

1 супа во прав од печурки

Зачини: сув мешан зеленчук, црн пипер, магдонос

По желба: рендан кашкавал

Постапка:

Излупете го компирот и исечете го на тркалца. Зачинете со црн пипер и вегета, па измешајте убаво да се распореди.

Супата од кесичката истурете во павлаката и добро изматете да нема грутчиња, па додадете млеко и масло, ситно сечкан магдонос, па добро измешајте.

Компирот наредете го во тепсија 30 см, и преку него прелијте ја приготвената смеса.

Печете во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.

На кратко извадете надвор и обилно наросете рендан кашкавал, онолку колку што сакате. Вратете на уште 10-тина минути за да се растопи кашкавалот.

coolinarika.com

Претходна статијаОвој свештеник открил природен лек за канцер со кој им помогнал на многумина
Следна статијаОслободете се од непријатната болка во желудникот на целосно природен начин – еве го рецептот