Во времето кога по светот уништуваше шпанскиот грип од кој животите ги изгубија помеѓу 50 и 100 милиони луѓе, тој тогаш имаше само 10 години.

Најстариот човек на светот Боб Вајтон од Англија наполни 112 години, но поради коронавирусот мораше да го прослави во самоизолација.

Бившиот наставник и инженер роден е во 1908 година. Ја преживеал епидемијата на шпанскиот грип во 1918 година, но сега е присилен да остане во карантин во својот стан во Центарот за стари лица.

Тој е загрижен поради коронавирусот.

Минатата година 111 роденден го прославил во друштво на бројни пријатели, но оваа година короната му ја расипа забавата.

“Сè е откажано, нема гости, нема прослава” – изјавил тој за Daily Mail.

“За последиците од шпанскиот грип читав во историските книги кога бев постар. Всушност, тогаш не бев свесен за таа болест, бидејќи никој од моите браќа, сестри ниту луѓето кои тогаш ги познавав, не беа заразени”, вели тој и додава:

“Всушност, сигурен сум дека некои беа заразени, но детскиот свет се разликува од светот на возрасните. Децата не читаа весници, тогаш немавме радио, па не ги добивавме информациите на начин на кој до нив се доаѓа денес” – вели виталниот дедо.