Меки и превкусни: Брзи полнети погачици со јогурт

Меки се како душа, превскусни.

Потребни состојки:

2 чаши јогурт (чаша од 200 мл)
2 чаши масло
2 прашок за печиво
2 лажички сол
7 чаши брашно
малку вода за натопување на погачиците
100 г малку пропржен сусам

за фил:

Loading...

1 чаша кисела павлака
150 г шунка
3 кисели краставички

Постапка:

Во една чинија измешајте јогурт, масло, прашок за печиво, брашно и сол. Сите состојки убаво со рака замесете ги во меко тесто.

Од добиеното тесто кинете парчиња и формирајте топчиња со величина на дланка.

Топчињата исплескајте ги малку со дланката и наполнете ги со фил, па повторно затворете ги како топчиња.

Во еден сад ставете малку вода, а во друг сад сусам. Натопувајте ги топчињата во водата, па валкајте ги во сусамот и редете ги во плех обложен со хартија и малку намастен.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека да заруменат.

За фил: измешајте ги систе состојки или направете фил по ваш вкус.

coolinarika.com

Loading...