Голем број луѓе мака мачат со вишокот килограми. Споделуваат искуства на форуми, се советуваат и искрено ги споделуваат резултатите од спроведените диети. Една девојка со прекар lovebrunomars96 ја објави следната диета:

Секое утро штом станете треба да исцедите половина лимон со една чаша млака вода.

Потоа треба да јадете само јаболка до ручек.

За ручек треба да изедете само 2 парчиња леб, и варивито кое сте го приготвиле за тој ден. Ручекот е по ваш избор, но не смеете да изедете повеќе од 2 парчиња леб.

За вечера не се јаде ништо освен јаболка.

„ lovebrunomars96“ вели:

Вака. Јас имав 70 килограми а сега имам 52 килограми. За ручек може да се јаде било што, но да се одбегнуваат мрсни работи, како компирчиња, пици, хамбургери и слично.

Пред ручек се јадат само јаболка, и после ручек исто така. Не е определено колку јаболка. Најдобро време за ручек е околу 14-15 часот.“

На прашањата од другите форумџии за опасностите и другите нус-ефекти од диетата, оваа девојка вели дека немала проблем со крвната слика и после диетата одлично се чувствувала.