Лековити билки има насекаде околу нас. Некои се декоративни, некои силно миризливи, а некои не ги ни забележуваме и само ги одминуваме несвесни за нивната лековита моќ која ја поседуваат.

Целата флора околу нас колективно испушта супстанции во воздухот кои имаат позитивни својства врз човековото здравје, а секоја билка, па дури и најмалата меѓу сите нив, содржи лековити својства кои доколку се искористат на правилен начин – би можеле да бидат од големо значење за човекот, пишува НМД.мк

Кои се најлековитите билки во светот? На ова прашање многу е тешко да се одговори, бидејќи секоја различна билка лекува некоја одредена болест, а за б олниот човек најлековита билка е токму онаа која ќе го излекува.

Сепак, се обидовме да издвоиме пет меѓу нив, кои овојпат ќе ги ставиме на пиедесталот „Најлековитите билки во светот“, бидејќи се едни од најпристапните и најчесто користените, со најмногу научни студии и испитувања за докажување на нивните својства.

Овие пет билки за кои овојпат ќе говориме имаат моќни антивирусни дејства, а нивната употреба е најдобрата превенција за зајакнување на имунитетот, пишува НМД.мк

Оригано:

Во природната медицина најчесто се користи кај болести на дигестивниот тракт, воспалителни процеси во усната шуплина, долни дишни патишта и гине-колошки пореметувања.

Придонесува за активно производство на леукоцити кои штитат од пато-гени микроорганизми и го активираат имунитетот. Покрај тоа, ориганото содржи аскорбинска киселина, калиум и калциум, супстанции неопходни за организмот.

Дивото оригано е нешто посебно и за него е потребно да се одвои посебна статија. Маслото од диво оригано е докажан најсилен природен антибиотик кој делува против голем бактерии и габи, без притоа да има штетни ефекти за организмот.

Евкалиптус:

Билката содржи цинеол, природна антисептичка супстанција која има силно антивирусно дејство. Лисјата од евкалиптус се користат како антиинфламаторно и аналгетично средство.

Успешно се користи за лекување на отитис, вирусни инфекции, цревни заболувања, генитоуринарен и дигестивен систем.

Жалфија:

Оваа билка има силно антиинфламаторно и антимикробно дејство. Содржи голем број на алкалоиди, флавоноиди и танини.

Жалфијата е богата со корисни елементи во трагови и киселини, а природните супстанции на лисјата имаат дезинфекциски својства. Со помош на жалфијата се приготвуваат голем број лековити сирупи и мешавини од чаеви за што многупати сме пишувале на НМД.мк

Камилица:

Се користи во третмани на болести на респираторниот систем, дигестивни нарушувања, генитоуринарен и н ервен систем. Придонесува за подобрување на заштитните функции на леукоцитите, го забрзува процесот на опоравување и дава седа-тивно дејство.

Голем број на флавоноиди обезбедуваат антимикробен ефект. Било кој дел од растението може да се користи во третманот.

Мајчина душица:

Оваа билка е извор на уникатно есенцијално масло богато со тимол, карвакрол и борнеол. Има силен ефект врз воспалението од какво било потекло. Најчесто се препишува при с илна кашлица, респираторни заболувања, бронхитис, артритис.

Флавоноидите во мајчината душица помагаат при кашлање, го олеснуваат воспалението и ја намалуваат б олката. Компонентите од растението ги стимулираат имунолошките процеси и го подобруваат клеточниот метаболизам.