Благодетите од овој напиток се несогледливо големи – искористете ги и сочувајте го или подобрете го своето здравје!

Чајот приготвен од лист од дудинка е еден од начините за искористување на сите благодети кои ни ги дава ова чудесно овошно дрво: се користи за правење џемови, сосови, чаеви, сокови, вино…

Чајот од лист од дудинка е еден од најмоќните ароматични билни напитоци. Едноставно се приготвува од свежи или суви листови, од бела или црна дудинка, додека неговите здравствени благодети се неверојатни.

Листот од дудинка содржи дури 18 есенцијални аминокиселини, витамини и минерали како што се калциум, натриум, магнезиум и железо.

КАКО СЕ ПРИГОТВУВА ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ДУДИНКА?

Во чајникот ставете неколки свежи листови од дудинка или лажица сув лист. Прелијте 2 шолји врела вода, па мешајте 3-5 минути. Процедете, засладете со мед и пијте го топол.

ЗОШТО Е ДОБАР ОВОЈ ЧАЈ?

Утврдени се неверојатни здравствени состојки кои ги содржи чајот од лист од дудинка. Поради високата содржина на антиоксиданти, фитонутриенти, витамини А и Ц, редовното пиење на овој чај може да ве заштити од развој на малигни болести.

Антиоксидантите ја намалуваат штетата предизвикана од процесот на оксидација која постојано се случува во човековиот организам.

Покрај тоа, чајот од лист од дудинка помага во намалување на холестеролот и триглицеридите, а може да спречи и развој на дијабетес тип 2, бидејќи има моќ да оневозможи продирање на вишокот шеќер во крвта.

Според традиционалната медицина, овој напиток одамна се користи за отстранување на симптомите од настинка, зголемена телесна температура, грозница, воспалено грло, кашлица и црвени или болни очи.

Некои студии покажале дека со секојдневно консумирање на чај од лист од дудинка може да се спречи развој на камен во бубрезите, па тој се дава како придружна терапија на лековите за бубрежна болест.

Дудинката инаку, е преполна со витамин Ц и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот – моќната одбрана од инфекции и болести. Само една шолја од бела или црна дудинка ги покрива дневните потреби за витамин Ц.

ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ЦРНА ДУДИНКА

Прелијте 50 г лист од дудинка со 500 мл зовриена вода, поклопете да отстои 10 часа. Процедете и пијте во текот на денот. лекува дијабетес.

ЛЕКОВИТ СИРУП ОД ДУДИНКИ

Еден килограм црни дудинки ставете во половина литар вода и додадете две лажици јаболкова киселина. Оставете да отстои 24 часа. Следниот ден промешајте ја смесата со еден килограм интегрален шеќер или друг природен засладувач, па варете до посакуваната густина. Складирајте во стерилизирани тегли и пијте неколку пати на ден, растворено со вода.