Домашните погачи се одлично решение за викенд појадок или вечера, а одлично е и тоа што не мора да одите во продавница бидејќи веќе ги имате сите состојки дома. Не треба да се грижите дали ќе успее, ниту да ви оди со месење на тесто бидејќи овој рецепт е навистина лесен, толку многу што можат да го направат и оние кои никогаш не замесиле тесто.

Најдобро од сè, нема да се чека да стасува, па затоа се прави брзо. Погачата навистина е преубава, нежна со едноставна постапка, а се добива еден декоративен и привлечен изглед на кој не можете да му одолеете. Постапката е едноставна, се замесува средно меко тесто кое не треба да лепи на рака.

И да немате никакво искуство во кујна, со овој лесен рецепт ќе направите едно мало, но вистинско ремек дело. Рецептот е едноставен и лесен, па можете да го приготвувате секој ден, за појадок, ручек или вечера. Се добива прекрасна, мека како памук погача со богат мирис и вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 мл млеко (1 шолја), 200 мл вода (1 шолја), 200 г путер, 110 мл масло, 2 јајца, 1 лажичка сол, 2 кесички прашок за печиво, 720 г брашно, 1 жолчка.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, 200 мл јогурт, 230 г брашно, 130 мл сончогледово масло, половина прашок за пециво, 1 лажичка сол.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во сад измешајте ги влажните состојки како 1 шолја млеко, исто толку вода вода и масло со претходно растопениот путер и белката. Соединете, па истурете 600 гр брашно, сол и прашок за печиво. Сѐ се меша со шпатула, па се додава остатокот од брашното (120 г) и се замесува тесто.

Префрлете го на набрашнета површина и кратко замесете го, па ставете го во добро намрсена тава. Потоа изматете ја жолчката и премачкајте го тестото, а по желба направете декорација со вилушка влечејќи ја преку тестото. Се пече во загреана рерна на 200°C додека да порумени. Оставете да се излади, па исечете на парчиња. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а постапката за вториот рецепт прочитајте ја подолу.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Едно цело јајце и една белка се матат со миксер, се додава јогуртот и 130 мл масло. Во оваа смеса додајте 230 г меко брашно, прашок за пециво и сол и сè измешајте со миксер на најмала брзина.

втор рецепт

Плехот за печење од 20×30 см премачкајте го со масло и посипете со брашно, па истурете ја смесата и рамномерно распоредете. Одозгора премачкјате со изматена жолчка и печете во загреана рерна на 230 степени околу 15 минути. Или печењето прилагодете според вашата рерна.