Медот од манука уништува 250 видови бактерии – спасоносно решение без никакви нуспојави. Во ера на супербактерии кои се отпорни на антибиотици, лековитиот мед од Нов Зеланд носи спасоносно решение без никакви нуспојави. Станува збор за медот од цветот манука.

Манука медот е ефикасен кај полесни и потешки инфекции; помага при изгореници; моментно ја ублажува болката од рани и овозможува нивно брзо зараснување; најдоброто средство кај чиреви..

Кога тимот истражувачи од Универзитетот Ваикато на Нов Зеланд, на чело со д-р Петер Молан, во 1981 година ги откриле единствените антибактериски својства на медот од манука, не биле свесни дека еден ден истиот мед ќе биде прогласен за најлековитиот во светот.

Имено, овој мед поседува уникатни својства кои не се среќаваат во другите видови мед, па само после три децении од откритието за неговата лековитост, беше прогласен за најлековиот мед во светот.

Манука медот е монофлорен мед кој пчелите го произведуваат од цветовите на дрвото манука (лат. Leptospermum scoparium), и за разлика од останатите видови, неговите лековити својства не се уништуваат во текот на преработката, изложување на сонце или на топлина.

Експертите по апитерапија тврдат дека за тоа се заслужни: високата концентрација на лековити состојки, ниска содржина на вода, мала киселост и присуство на посебни лековити состојки од цветот манука.

Во една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Сиднеј, овој мед ги уништил речиси сите типови бактерии на кои бил изложен. Се покажало дека е делотворен дури и против бактериите како хеликобактер пилори – причинителот за чир на желудник, ешерихија коли и стрептококи.

Државниот Здравствен завод на Велика Британија го лиценцирале во 2004 година за медицинска употреба во лекување на рани, потврдувајќи го она што луѓето од Нов Зеланд го знаеле уште одамна: дека мануката има чудесни својства.

Во прилог на ова сведочат и бројни корисници кои за краток период излекувале херпеси, габички на нозе, цисти, па дури и потешки инфекции, како декубитиси или сепса.

Кога манука медот се става на рана, тој ја впива водата и ја суши, а со своите антимикробни состојки ги уништува микроорганизмите кои можат да ја инфицираат раната.

Ако се користи надворешно, со овој мед целосно се прекрива третираната област и се компресира со стерилен завој кој треба да се менува еднаш дневно.

Неверојатно е ефикасен, бидејќи продира длабоко во кожата. Истражувањето спроведено на 17.000 испитаници, покажало дека овој мед може да биде корисен и кај бронхитис, бронхијална астма, ринитис и синуситис.

Експертите сепак предупредуваат дека сепак не е лесно да се препознае вистинскиот манука мед, бидејќи секој вид не се прави на ист начин. Во зависност од сезоната и потеклото, активните материи во овој мед варираат, а за најквалитетен мед се смета оној добиен од дивините на Нов Зеланд. Затоа, поради различните изработки на овој вид мед, осмислен е поимот UMF (Unique Manuka Factor) – единствен манука фактор.

Тое е всушност сертификат кој означува дека станува збор за чист манука мед со активни состојки. Па така, медот со UMF фактор 5-9 се користи за одржување на здравјето и имунитетот, UMF фактор 10-14 кај полесни болести, а UMF фактор 15+ означува мед со најдобар квалитет и силно антибактериско дејство и лековитост.