За сите љубители на брзите чизкејкови кои целите се кремасти, а во себе не содржат желатин и не се печат, еве два интересни рецепти за колачи со вкус на орео кекси кои на подлогата и даваат интензивна темна боја. Во секој од рецептите, овие орео кекси може да се заменат со кои било други бисквити. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 80 г орео кекси, 40 г путер. За фил: 180 г чоколадо, 140 мл млеко, 240 мл слатка павлака. За ганаш: 50 г црно чоколадо, 50 г млечно чоколадо, 100 мл млеко или слатка павлака

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г орео кекси, 80 г путер или маргарин, 300 мл слатка павлака, 300 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија, абц..), 5 супени лажици шеќер во прав




ПОСТАПКА за рецепт 1: извадете го белиот крем од орео кексите со кои се залепени по две, па само кексите ставете ги во блендер и сомелете ги. Путерот растопете го на пареа или во микробранова печка, па додајте го во мелените кекси и промешајте.




Содржината истресете ја на дното од помал калап со флексибилен обрач (19х11 см или слични димензии), рамномерно распоредете, израмнете и притиснете со лажица или дното на некоја чаша за да се добие стабилна основа.




Чоколадото растопете го со топло млеко додека да добиете мазна чоколадна смеса. Слатката павлака извадете ја од фрижидер и истурете ја во подлабок сад, па изматете ја со миксер додека да згусне. Не ја матете премногу, за да не стане путереста.




Додајте го растопеното чоколадо и мешајте полека со лажица или кујнска шпатула додека да се изедначи и да добиете воздушест, чоколаден, пенлив крем. Истресете го врз „орео“ основата, распоредете и израмнете. Ставете го колачот да се стегне во замрзнувач 3 часа.




Потоа спремете го ганашот: растопете ги на тивок оган чоколадите со млекото или слатката павлака, па излејте преку колачот и вратете во фрижидер уште 15 минути. Потоа отстранете го обрачот, сечете и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: калапот за торти (тркалезен) намастете го со путер. Сомелете 200 г орео кекси и соединете ги со растопениот путер. Добро втиснете на дното од калапот и ставете во фрижидер да се стегне.




Од ладната слатка павлака изматете шлаг. Во подлабок сад изматете со миксер крем сирење и шеќер во прав, па додајте ја изматената слатка павлака и рачно искршени 50 г орео кекси. Промешајте со лажица или кујнска шпатула.




Со добиениот крем премачкјате ја подлогата и одозгора наросете со остатокот од мелените орео кекси, приближно 150 г или по желба. Декорирајте по сопствен вкус. Пред послужување добро изладете, најдобро преку цела ноќ во фрижидер. Рецепт на Марина / Сооlinarika.сom