Ако не сте пробале вакво лепче досега, направете го и испробајте го, нема да се покаете. Речиси секој ден го правам, а некогаш и по неколкупати во денот. Пријател ми го побара рецептот, а по една недела ми се јави да ми каже дека толку многу често го правеле дома, што не можеле да си замислат како досега не го знаеле овој рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 450 г брашно, 1/2 коцка свеж квасец (20 г), 2 супени лажици брашно, 1/2 мала лажичка шеќер, 1 мала лажичка сол, 250 г млака вода. За премачкување: 100 мл маслиново масло, 2 чешниња лук, 1 рака свеж босилек, 1 рака свеж магдонос. И уште: рендана моцарела или пармезан, неколку маслинки




ПОСТАПКА: изронете половина коцка квасец во еден сад, додајте половина лажичка шеќер и залијте 250 мл млака вода. Додајте две супени лажици брашно, па промешајте со лажица или жица-маталка додека да се растворат сите состојки и да нема грутчиња.




Растворениот квасец оставете го на топло место 10-тина минути додека да се активира и запени. За тоа време измерете и просејте 450 г брашно, додајте една лажичка сол и активираниот квасец. Месете неколку минути со миксер за тесто додека тоа да стане компактно и да се одвојува од ѕидовите на садот.




Ако тестото го месите рачно, најпрво промешајте со лажица или кујнска шпатула додека да се впие брашното, а потоа продолжете со рачно месење додека тоа да стане компактно, мазно и да не се лепи за рака. Треба да биде меко, но да не се лепи премногу.




Обликувајте топка, вратете го во чист сад, покријте го и оставете го во топла просторија без провев да ферментира приближно половина час или додека да го удвои волуменот. Стасаното тесто истресете го врз набрашнета површина, а потоа набрашнете ја и оклагијата.




Внимателно развлечете го во дебела кора како тесто за пица, но рамномерно по дебелина на сите страни. Префрлете го врз парче хартија за печење и поставете го врз широк и плиток плех од рерна. Исечете го на помали коцки, а потоа пригответе го „пестото“, односно ароматичната смеса за премачкување.




Сите исечкајте го свежиот лист од босиле и магдоносот, лукчето изрендајте го или истиснете го низ преса, па сето измешајте го и соеиднете го со 100 мл маслиново масло. Смесата рамномерно распоредете ја низ сите засеци, а потоа со силиконска (кујнска) четка премачкјате ја целата површина.




Долж засеците наросете рендана моцарела, пармезан или кашкавал по ваш избор, а врз секоја коцка ставете парче исечкана маслина и нежно притиснете за да се втисне во тестото. По желба, наросете моцарела врз целото лепче по малку. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.