Оваа течност е природен лек за хеликобактер пилори, гастритис, чир на желудникот и дуоденумот.

Подготовката е едноставна, а препаратот е ефикасен. Helicobacter pylori е присутен во стомакот на многу луѓе уште од детството или раната зрелост.

Се чини дека се пренесува со валкани раце.

Некогаш се мислеше дека бактериите не можат да растат во стомакот, бидејќи средината е кисела, но тоа не важи за Helicobacter pylori.

Прочитајте: „Зорица: Овој лек ја спаси една моја пријателка од чир на желудник, а хеликобактеријата исчезна по првата терапија“ОВДЕ.

Може да се размножи толку многу што многу луѓе се соочуваат со проблеми во некоја фаза од нивниот живот. Овие проблеми се манифестираат како болки во стомакот, гадење, ждригавица (киселини), неугодни реакции на храна, губење на апетит итн.

Потоа треба да се лекува, бидејќи ако не се лекува може да прерасне во чир на желудникот. Уште пред откривањето на Helicobacter pylori, се знаело дека лекот за чир на желудникот е зелката.

Зелката содржи витамин У, кој се користи за лекување на гастритис, чир на желудникот и дуоденумот.

На ист начин како што листот од зелка делува надворешно на чиревите на кожата, исто така успешно делува и внатрешно.

Иако постојат лекови, двојни и тројни антибиотски терапии, некои лекари сè уште ја препорачуваат зелката како добар природен лек.

Некои пациенти тешко поднесуваат стандардна антибиотска терапија. Има случаи на инфекции кои се покажаа отпорни на антибиотици и тешко се лекуваат или по некое време бактеријата повторно се враќа.

Прочитајте: „НАЈДОБРИОТ ЛЕК: За желудник и хеликобактерија, без болки, дуење, ждригавица и грчеви“ОВДЕ.

Решението е да го испробате лекот со зелка. Доктор Несторовиќ, го сподели следниот рецепт за лекување на Helicobacter pylori и чиреви.

Изрендајте свежа зелка и ставете ја во тегла. Половина од теглата треба да се наполни со зелка.

Потоа прелијте ја со зовриена вода, речиси до врвот на теглата. Поклопете и ставете во фрижидер 2 дена. Зелката во тегла во фрижидер малку ќе ферментира за тие 2 дена, што, според доктор Несторовиќ, претставува негов дополнителен квалитет за лекување.

Потоа процедете и испијте ја оваа вода од зелка. Една чаша од 200 мл се пие наутро и една навечер.

Ова треба да се прави 2 недели, до закрепнување, кога треба целосно да се излечи Helicobacter pylori. Тоа значи дека секој ден треба да правите нова тегла со зелка и вода.

Зелката содржи одредени состојки кои ја обновуваат слузокожата на желудникот. Се препорачува и при гастритис и рефлукс на киселина.

Можеби овој рецепт на Несторовиќ е оригинален и ефикасен, но третманот на желудникот со зелка е познат уште од 1949 година.

Прочитајте: „Лекување на хеликобактеријата на природен начин, после овој лек бактеријата не се враќа“ОВДЕ.

Имено, професорот Гернет Чејни од Универзитетот Стенфорд објавил студија со наслов: „Брзо заздравување на чиревите кај пациенти кои земаат свеж сок од зелка.“

13 пациенти биле третирани со сок од зелка, кој според експериментите содржи анти-чир фактор. Токму тој фактор е витаминот У, кој веќе го спомнавме.

Просечно време на заздравување на раните за 7-те пациенти кои имале дуоденален улкус, било само 10 дена.

Во литературата е наведено дека просечниот третман на 62 пациенти со стандардна терапија траел 37 дена.

Просечното време на заздравување на раните кај 6 пациенти со чир на желудникот, кои биле третирани со сок од зелка, било само 7 дена.

Во литературата е наведено дека биле потребни 42 дена за да се излечат 6 пациенти со стандардна терапија.

Така, се покажало дека сокот од зелка ги надминува стандардните медицински третмани за чирови.

Земањето сок од зелка не може да биде поедноставно. Повеќето природни здравствени експерти препорачуваат да се исцеди половина или цела главица зелка, и добиениот сок да се пие неколку пати во текот на денот, пред јадење.

Сокот од зелка лесно се прави со помош на соковник и се чува во фрижидер преку ден. Се пие пред секој оброк.

Сокот од зелка ја нормализира работата на желудникот и цревата, ги yништува патогените, ја ублажува болката од чир и промовира заздравување во рекордно време. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.