Најефикасниот метод со жолчка од јајце за лекување на болните колена и регенерирање на другите зглобови

Коленото е многу важен зглоб во нашето тело, бидејќи ја трпи и ја носи целата телесна тежина, ги поврзува фемурот и фибулата и овозможува деликатни движења како што се трчање, седење, шетање и слично, за што најчесто и не обраќаме внимание.

Со текот на времето доаѓа до оштетување на рскавицата и абење на зглобот. Ова не е ретка појава и е многу честа кај повозрасната популација. Кон оштетување на коленото дополнително придонесуваат прекумерната тежина, трауми и претходни повреди на кои не сме обраќале внимание, напор при вежбање и спорт…

За да си ја олесните болката, пробајте го овој народен, природен рецепт за кој многумина тврдат дека им помогнал. Се користи за сите видови на болки во зглоб, од најразлична природа.

Потребни состојки:

1 жолчка од јајце (најголема ефикасност има ако јајцето е домашно)

2 лажички сол

Памучна крпа и завој за фиксирање на облогата

Постапка:

Изматете ја жолчката а потоа додадете ја солта и повторно мешајте додека да се соедини смесата.

Употреба:

Нанесете ја жолчката на крпа или газа па поставете врз болното колено. Фиксирајте добро со завој, но внимавајте да не ја сопрете циркулацијата. Оставете да делува 2 часа, а потоа исплакнете со вода.

Менувајте ја облогата најмалку 4 пати во текот на денот.

Еве како функционира овој лек:

Солта содржи висок процент на магнезиум кој многу лесно преминува преку кожата во ткивото на зглобот. Жолчката пак содржи високо ниво на протеини и минерали кои ги зајакнуваат тетивите и коските.

Дополнување:

Друг корисен метод за ублажување на болките во коленото е ставање мраз врз болниот дел, 4-5 пати во денот. Со ова се дополнува претходното лекување. Криотерапијата е докажан метод во лекувањето на зглобни повреди.

Исто така, доста помага ако коленото го мачкате со сенф, па најдобро би било доколку овие три методи наизменично ги комбинирате во текот на денот.

Loading...