Потребни состојки:

5 јајца

8 лажици шеќер

8 лажици масло

8 лажици брашно

3 лажици какао

1 прашок за печиво

За фил 1:

800 мл млеко

15 лажици шеќер

8 лажици густин, полни до врв, но не преполни

250 г путер/маргарин

За фил 2:

500 мл слатка павлака за шлаг

100 г млечно чоколадо

150 г чоколадо за готвење

За шербет:

1 шолја вода

1 шолја шеќер

Постапка:

Изматете ги состојките за кора (посебно белките со шеќер во снег, посебно жолчките, па со лажица се спојуваат сите состојки) и се пече на 200 степени. Додека се пече кората се проврива шербетот. Се оставаат двете да изладат, па ладно со ладно се полева.

За фил 1: се одзема 200 мл млеко и се меша густин, а остатокот 800 мл млеко со шеќерот се става да зоврие. Се вари кремот со постојано мешање. Во изладениот крем се додава путерот претходно пенасто изматен, па се премачкува врз колачот.

За фил 2: искршете го чоколадото во течната павлака и растопете на тивок оган. Оставете да излади до млако, па прелијте преку колачот. Не го излевајте додека е тополо зошто ќе ви се растопи првиот фил.

Оставете во фрижидер да се стегне колачот.

coolinarika.com