Со овој оброк се чистат мастите во цревата и на тој начин се намалува тежината, а исто така се регулираат дигестивните сокови во желудникот.
Потребни состојки:
Зелка
Репка
Морков
Сок од лимон
Маслиново масло
Постапка:
Изрендајте ја зелката, репката и морковот во однос 3:1:1. На тоа додадете зачински билки по вкус (магдонос, целер…). измешајте го зеленчукот за да се ослободи сокот. Потоа додадете малку сок од лимон.
На крај додадете маслиново масло, но салатата немојте да ја солите! Вашиот оброк е готов.
Јадете ја оваа салата за вечера, три дена по ред и ќе ги видите првите резултати кои ќе ве воодушеват.
Зелката содржи состојка гликозид синигрин за која се покажало дека помага кај рак на простата, дебело црево и рак на мочниот меур.
Исто така, зелката е одличен извор на растителни влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестеролот во крвта. Антиоксидантите во зелката помагаат во борбата против слободните радикали со што се намалува ризикот од појава на рак и болести на срцето.
Зелката има и антивоспалителни својства, па помага при разни хронични воспалителни процеси во телото како што се артритис и болести на срцето.
Растителните влакна од зелката одлично го одржуваат нивото на здравите бактерии во цревната флора; содржи витамин Ц и јод, со што се сврстува меѓу намирниците кои го зајакнуваат имуниот и нервниот систем.